Единиците од екстерното тестирање ќе влезат во свидетелствата! Како понатаму?
Објавено во: Анализа 09 Февруари, 2014 09:16
Новковски: Екстерното оценување да се укине!
Оценувањето врз основа на оценките од екстерното тестирање според поранешниот мин истер за образование и наука Ненад Новковски нема правна основа .Во многу европски закони, според него, експилицитно е напишано дека екстерното не смее да се користи за ништо друго освен за дополнителна проверка, таму не смеат да објавуваат ниту дека тоа училиште се рангира врз основа на екстерното тестирање.
Тој смета дека лошо спроведениот проект екстерно тестирање, треба да биде повлечен и укинат, а за проверка на знаењата да се најде нов соодветен модел кој нема да ги оштети ниту наставниците, ниту учениците, а уште помалку преку казни и санкции да се заплашува наставниот кадар.
“Со негативните оценки од екстерното тестирање се прави директна штета за матурантите кои треба да бидат подложни на уште еден своевиден тест-државната матура. Единицата како негативна оценка не смее да биде прифатена рамноправно како другите оценки и на учениците мора да им се даде можност за повторно полагање. Вака на овој начин се кршат законите, а последиците и проблемите ќе бидат поголеми, особено при зашишувањето на факултет”-вели Новковски.
МОН:Единиците остануваат во свидетелствата!
Од Министерството за образование и наука велат дека оценките од екстерното тестирање се впишуваат во свидетелствата на учениците во посебна графа и тие влијаат на општиот успех. Без оценките од екстерното тестирање, ученикот не може да го добие свидетелството како потврда за завршена година.
Од таму одлуките и негативните оценки ги правдаат со законската регулатива за основно и средно образование и според нив не е воопшто спорно единицата да стои во свидетелствата:
Член 65 од Закон за основно образование - “Општиот успех на ученикот се утврдува врз основа на годишните оценки од сите предмети според наставниот план на крајот на годината и оценките од екстерното проверување на постигањата на успехот на ученикот, а за учениците упатени на поправен испит по завршувањето на поправните испити.“
Член 46 од Законот за средно образование - „Општиот успех на ученикот се утврдува врз основа на годишните оценки од сите задолжителни предмети на крајот на годината и оценките од екстерното проверување на постигањата на успехот на ученикот, а за учениците упатени на поправен испит по завршувањето на поправните испити”- велат од МОН.
Екстерното тестирање на матурантите и за сите ученици од завршните години во средните училишта заврши. На наставниците кои требаа по оваа основа да бидат казнети или наградени, агонијата им е одложена за некој месец. Според дел од експертите, Антикорупциската комисија, покривајќи го неуспехот на овој проект, донесе одлука да не ги разгневи и онака лутите наставници пред изборите. А потоа, се по старо!
Најголемиот проблем го лоцираат во фактот што наставниците прилагодувајќи се кон системот на казни и гледајќи да ја заштитат својата егзистенција, нема да стимулираат учење поради занење, туку поради оценка и дека особено внимаваат во давањето на ниски или високи оценки.
Има и изјави кои сведочат дека многумина од нив решаваат да даваат средни оценки, кои не се одраз на вистинските знаења на учениците, но кои ги позиционираат наставниците во некои граници на сигурност. Ова за експертите е штетно за квалитетот на образовниот процес, а најмалку го унапредува истиот, бидејќи наставниците и учениците треба својата енергија да ја фокусираат кон нови, современи концепти на учење кои се одамна стварност во развиените земји, а не кон деструктивни и ретроградни процеси од кои, на крајот, сите актери во процесот остануваат оштетени.
С.Б.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





