Една четвртина од биткоините се неупотребливи - Стотина милијарди фрлени во вода
Објавено во: Економија 02 Јануари, 2018
Според податоците на Chainalysis речиси една четвртина од сите биткоини кои се во циркулација се тотално неупотребливи и најверојатно никогаш нема да бидат активирани.
Со анализа на блокчејн технологијата каде се одвиваат сите трансакции со криптовалутата од Chainalysis утврдиле дека меѓу 2.7 и 3.9 милиони биткоини воопшто не се „активни“ без оглед што нивната пазарна вредност изнесува неверојатни 50 милијарди долари кои се практично фрлени во вода.
Станува збор претежно за сопственици на криптовалутата кои пред неколку години се стекнале со биткоинот за потоа да ги заборават лозинките или пак да ги изгубат крипто-паричниците од каде се вршат трансакции и одобрување за плаќања со биткоин.
Дел од корисниците кои немаат пристап до крипто-паричниците или пак ги ставиле информациите на преносна меморија која им е загубена, дури ангажираат и хакери за да обезбедат пристап и да си ги вратат средствата.