05 Декември, 2025
0.0650

Една деценија агонија – несудените станари на „Фиком“ излегуваат на протест!

Објавено во: Македонија 01 Март, 2014 09:45

Добивај вести на Viber

Граѓаните кои останаа оштетени по станбената афера „Фиком“ денеска излегуваат на протест за да бараат конечна разрешница на судскиот процес за овој случај, кој трае веќе 8 години. Координативното тело на оштетените граѓани најави дека протестот ќе започне во 11 часот пред Зградата на Антигона кај Стара Рампа во Општина Кисела Вода. Незадоволните граѓани ќе ја блокираат улицата пред објектот. „Воедно, координативното тело во името на сите оштетени во процесот јавно им се извинува на сите граѓани на Општина Кисела Вода кои во горенаведниот период нема да можат да поминуваат на одредената локација на која ќе се одржи протестот“, стои во соопштението. Случајот „Фиком“ е една од најголемите измами со продажба на станови во Македонија. Стотиците граѓани ги уплатиле парите за становите пред 10-тина години, не знаејќи дека еден стан бил продаван истовремено на неколку лица. Фирмата во која пред речиси една деценија беа откриени криминални активности со повеќекратни продажби на становите, веќе осум години е под стечај, а за тоа време сопствениците на плацовите на кои се градени зградите, живеат под кирија, која ја плаќаат со години иако поседуваат имот. Тие се надеваат дека со новиот Закон за брзо затворање на старите стечаи конечно ќе ги добијат становите што им следуваат, а ќе се создаде можност да се обесштетат и останатите кои први ги уплатиле становите. Случај „Фиком“ - измама тешка над 10 милиони евра Мега градежната афера „Фиком“ медиумите ја открија во 2006 година кога група граѓани тврдеа дека нивниот стан бил продаден уште на неколку лица. Сопствениците на Фиком, сопружниците Николиќ кои се уште издржуваат казна затвор, во седум згради во централното градско подрачје продавале станови по цена од 450 до 500 евра за метар квадратен, без склучен договор. Николиќ е осуден во април 2007-ма, а според пресудата, со продажбата на исти станови на повеќе граѓани создал измама тешка околу 12 милиони евра. Стотици семејства беа оштетени, дадоа пари - не добија станови, а зградите уште стојат недоизградени. Дали по „Фиком“ нешто се смени? По аферата Фиком, институциите ги зајакнаа контролите за да спречат слични појави. Министерството за транспорт и врски неколкупати го смени Законот за градење, со кој наметна зајакната финансиска контрола за градителите. Општина Кисела Вода, на чија територија се случија најголем дел од измамите, почна со издавање сертификати кои гарантираа дека еден стан не може да се продаде два пати. Сепак, ова не беше доволно. Иако поретко, сепак уште многу граѓани, пред сè мотивирани од пониските цени, паѓаат во мрежата на измамници во продажбата на станови. Последната афера беше минатата година, тешка над 600 илјади евра. Триесетина граѓани беа измамени од фризерката Благица Дончевска и нејзиниот татко кои немале допирна точка со градежниот бизнис, а продавале станови. Измамата почнала во 2011 година со продажба на фиктивни станови за посебна група лица по цена од 400 евра за метар квадратен. Измамените граѓани уплаќале меѓу 15 и  30.000 евра на банкарска сметка, а наводните посредници лажеле дека останите пари ќе ги обезбедат од странски донации, односно од белгиската, холандската и македонската влада. Идеја: Да се покрие „срамот“ на „Фиком“ Пред околу пет години, тогашниот градоначалник на Кисела Вода Марјан Ѓорчев имаше идеја напуштената и недовршена зграда на „Фиком“ во оваа општина да биде покриена со панорамско платно се додека надлежните институции не донесат конечно решение како да се третира овој објект, кој стана синоним за урбана мафија. Ѓорчев сакаше привремено да се покрие објектот кој го нагрдува централниот и најфреквентен дел на Кисела Вода со панорамско платно на кое ќе има фотографија на општината или реклами за различни компании. Идејата не се реализираше. Граѓаните уште тогаш алармираа дека е тешко да се живее покрај запуштениот објект. „Живееме како среде депонија. Од прашина не можеме прозорец да отвориме, ниту на балкон да седнеме како луѓе. По улицата има 'рѓосани шајки, опасно е за минување, а навечер од врева не се спие. Се собираат луѓе, цртаат графити, пијат, палат оган...неколкупати досега пријавувавме но, без резултат“, велат тие. Билјана Арсовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија