23 Декември, 2024
0.0260

Владата му го смени името во „преспанско“ и на странскиот инвеститор „Гентерм“

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Една од најголемите странски инвестиции од времето на владеење на поранешниот премиер Никола Груевски, прилепски „Гентерм“, го промени својот официјален назив и во истиот го додаде новото уставно име на земјата. Според евиденцијата на „Фактор“, ова е единствен странски инвеститор до сега кој менува името според Преспанскиот договор.

Во владината одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Прилеп и за висината на закупнината „Друштвото за производство, трговија и услуги Гентерм Македонија Дооел увоз-изоз Прилеп“ се менува со зборовите „Друштвото за производство, трговија и услуги Гентерм Северна Македонија Дооел увоз-извоз Прилеп“.

Ваквата одлука се должи според договорот за закуп и за закупната цена на градежното земјиште во технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп.

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска - Јанковски вели дека законски не постојат задолженија едно трговско друштво да го промени името, но дека тоа зависи и од тоа каква е неговата поврзаност со државните органи.

- Уставното име мора да се промени само кај државните институции, но не и трговските друштва, иако има и кај нив такви кои на доброволна основа го прават тоа. Една фирма кое го користи старото уставно име мора да направи промени единствено доколку има ненаков вид на договор со државата или истата има дел од сопственоста, вели Бошковска - Јанковски.

Странската гринфилд инвестиција Гентерм“ во 2018 остварила приход од 56,2 милиони евра и има добивка од 2,5 милиони евра. Оваа компанија се занимава со снабдување на големите автомобилски корпорации со електрична и електронска опрема за вградување во возилата. Гентерм е најголемата компанија во Прилеп, пред Прилепска пиварница, Витаминка и Мермерниот комбинат.

Американската корпорација од страна на најголемите производители во автомобилска индустрија е призната како најдобар добавувач на клима системи за греење и ладење  на седишта и управувачи, електроника и кабли за автомобилски брендови како што се „Форд” , „Џенерал Моторс”, „Тојота”, „Лексус” и „Киа”. 

Откако во декември, 2012 година беше поставен камен-темелник на ТИРЗ Прилеп, веќе во декември, 2014 година „Гентерм” ја објави својата одлука за реализација на инвестицијата во оваа зона, а во јули 2016 компанијата официјално започна со работа.

Бројката на вработени се движи помеѓу 1.500 и 2.000 работници. Груевски своевремено рече дека инвестицијата е резултат на заеднички сили од повеќе лица и долго работење на Владата со оваа компанија, по долги убедувања. 

Александар Кузмановски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КАТАР СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАПРЕ ИСПОРАКАТА НА ГАС ЗА ЕУ: Еве кои се причините

КАТАР СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАПРЕ ИСПОРАКАТА НА ГАС ЗА ЕУ: Еве кои се причините

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ МЕСТА ЗА СКИЈАЊЕ: Еве кое место е најпопуларно

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ МЕСТА ЗА СКИЈАЊЕ: Еве кое место е најпопуларно

НОВ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 20 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ НИКНЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Амбициозен е планот на инвеститорот, вели Мицкоски

НОВ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 20 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ НИКНЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Амбициозен е планот на инвеститорот, вели Мицкоски

СТРАНЦИТЕ РАБОТАТ РАБОТИ КОИ НИКОЈ НЕ ГИ САКА: Секој четврти работник во Европа е мигрант, ги заземаат дури и местата на пензионерите

СТРАНЦИТЕ РАБОТАТ РАБОТИ КОИ НИКОЈ НЕ ГИ САКА: Секој четврти работник во Европа е мигрант, ги заземаат дури и местата на пензионерите

„САМО ТРИ РАБОТНИ МЕСТА ЌЕ ЈА ПРЕЖИВЕАТ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“: Бил Гејтс песимист за иднината на работата

„САМО ТРИ РАБОТНИ МЕСТА ЌЕ ЈА ПРЕЖИВЕАТ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“: Бил Гејтс песимист за иднината на работата

ФОЛСКВАГЕН НЕМА ДА ЗАТВАРА ФАБРИКИ, НО УДАРОТ ЌЕ ПАДНЕ ВРЗ РАБОТНИЦИТЕ: До 2030 година ќе има 35.000 вработени помалку

ФОЛСКВАГЕН НЕМА ДА ЗАТВАРА ФАБРИКИ, НО УДАРОТ ЌЕ ПАДНЕ ВРЗ РАБОТНИЦИТЕ: До 2030 година ќе има 35.000 вработени помалку

НАМЕСТО 14 ЧАСА, ЌЕ СЕ ПАТУВА ОСУМ: Почна со работа брзиот воз меѓу две метрополи, ова е цената на билетот

НАМЕСТО 14 ЧАСА, ЌЕ СЕ ПАТУВА ОСУМ: Почна со работа брзиот воз меѓу две метрополи, ова е цената на билетот

УНГАРСКИ ЗАЕМ: Еве што очекува Мицкоски

УНГАРСКИ ЗАЕМ: Еве што очекува Мицкоски

СИТЕ ЛИЦА НА ТЕМУ ВО МАКЕДОНИЈА: Нарачувате на свој ризик, нема закон што ќе ве спаси ако не сте задоволни

СИТЕ ЛИЦА НА ТЕМУ ВО МАКЕДОНИЈА: Нарачувате на свој ризик, нема закон што ќе ве спаси ако не сте задоволни