14 Мај, 2024
0.0886

Една жена ќе владее со сите

Објавено во: Свет 16 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Германските гласачи треба повторно да ја изберат Ангела Меркел као нивен канцелар - и како лидер на Европа.

Уште од кога „пукна“ еврокризата во 2009, весниците ја критикуваа најмоќната жена на планетава. Не се согласувавме со непотребниот лек за штедење на Ангела Меркел: како резултат од тоа, рецесијата на континентот беше ненеопхподно долга и брутална. Баравме канцеларката да престане со нејзините нарасната претпазливост и покривката од историјата на нејзината земја - и посилно да ја води Европа. Таа воглавно треба да се обвини заради неуспехот да се создаде целосна банкарски унија во еврозоната, првата од многуте институционални промени кои мора да се направат. Таа одби да го предводи јавното мислење, и никогаш не им објасни на своите гласачи колку Германија треба да се обвинува за еврохаосот (ниту пак колку нејзините банки беа спасувани со програмите за финансиска помош). Исто така бевме загрижени затоа што таа дома не сторила доволно: во изминатите години ниту една држава во Евопската Унија не наравила помалку структурни реформи, а нејзината енергетска политика ја доведе Германија до големи субвенции за обновливи извори и високи цени на струјата.

Но сепак се уште веруваме дека г-ѓа Меркел е вистинската личност за да ја води нејзината земја, а оттука и Европа. Тоа е делумно заради тоа што е и таа самата: најнадарентиот политички демократ во светот, и далеку побезбеден избор отколку нејзините левичарски противнци. Делумно и заради тоа за што веруваме дека таа допрва треба да стане - големиот лидер која за Германија и за Европа е толку очајно потребен.

Држете се за „мама“

Политички малкумина можат да се споредат со Меркел. Додека другите лидери опаднаа и заглибија (ми паѓаат на ум Барак Обама и Дејвид Камерон), или пак воопшто не се издигнаа (сиромашкиот Франсоа Оланд), таа остана и популарна и со висока доверба. И да не го потценуваме нејзиниот придонес Европа да се одржи заедно. Грција не излезе од еврото; североевропејците платија за финасиската помош; Шпанија и другите направија реформи за кои малкумина веруваа дека се можни; таа помогна да се исфрлат кловновите, како што беше италијанскиот Силвио Берлускони. Досега преживувањето на еврото не е ставено под знак на прашање.

Германската изборна кампања беше уште една епизода во „меркелвелијанизмот“. Таа ретко зборуваше за домашната, европската или за надворешната политика, туку најмногу за довербата. Нејзината порака е дека Германија е просперитетна, невработенсота е на најниско ниво во последните 20 години, и дека исто така добро се справи со еврокризата - па затоа ова не е време за промени. Нејзината партија цврсто има 40 процентна доверба, што наведува дека оваа порака функционира. Таа е далеку попопуларна од нејзиниот главен противник, Пеер Штајнбрук. Тој е енергичен политичар од либералното крило во Социјалдемократската партија, и беше одличен министер за финансии во владата на Меркел во големата коалиција од 2005 до 2009, а неговата партија предолжи похрабри одговори за еврокризата отколку што тогаш ги даде Меркел. Но социјалдемократите свртеаа нагло кон лево, со поделениот манифест за повисоки даноци за богатите, за ново даночење на богатството, и за повисока најниска плата. Партијата стана антиреформистичка, до степен што воглавно ја негираше Агендата 2011 за реформи на пазарот на трудот, создадена од претходите лидер на социјалдемократите, Герхард Шредер.

Во директната битка помеѓу Меркел и Штајнбрук, таа дефинитивно ќе ги добие нашиот глас. Но со Германија владее коалиција. Со оглед на тоа што Штајнбрук нема шанси да соработува со Зелените, неговиот омилен партнер, можни се само три исходи. Сегашната коалиција на Меркел со Слободните демократи; уште една голема коалиција со Социјалдемократите, каде Меркел ќе остане како канцелар; и најлошата варијанта, „црвено-црвено-зелена“ коалиција на Социјалемократите, Зелените и Левичарската партија. Последново кое Штајнбрук го одбива, но некои од неговата партија и го посакуваат, ќе биде опасно и нестабилно.

Ние сме за продолжување на сегашната коалиција. Но повеќето Германци посакуваат друга голема коалиција. На самата Меркел и одговара ваквата идеја. Партиите од опозицијата го контролираат горниот дом во Бундестагот, па на нивната совестим е веќе потребна поголема легислатива. Сепак, голема коалиција може да биде лош исход. Социјалдемократите се изгореа од претходната коалиција со Меркел, па затоа ќе бидат попретпазливи. Гласачите може да бидат втурнати кон маргините, вклучувајќи ја и новата антиевропска партија Алтернатива за Германија, кои со задоволство би и се приклучиле на левицата во парламентот. Слободните демократи ги поддржуваат економските реформи и намалувањето на даноците, каде големата коалиција може малку нешто да стори.

Агендата 2020 на Ангела

Ако г-ѓа Меркел биде повторно избрана, што таа ќе стори? Има барем две причини да се размислува дека таа ќе стане пожесток противник на реформите дома и надвор. Првата е дека нејзините инстинкти се воглавно свртени на таа страна. Во 2005, таа исфрли некои смели идеи за реформи и за намалување на даноците, иако падот на бројот на гласовите за нејзината партија само ја засили нејзината природна претпазливост. Во 2009 година, нејзиниот ентузијазам беше набрзо срушен со ширењето на еврокризата. Но како што спласнува кризата и растот во Европа се зголемува, во својот трет мандат Меркел со едно око ќе биде свртена кон нејзините постигнувања, и може посилно да тргне да ги направи евопските економии поконкурентни.

Втората причина за надеж е дека нејзиниот пристап со претпазливоста се повеќе изгледа како опасна опција и за Германија и за Европа. Самозадоволните Германци може да се изненадат ако им се каже дека се потребни повеќе реформи. Сепак покрај сегашната сила на нивната економија, постои многу малку неодговорени слабости. Мешавината од слабата демографија, големата зависност од извоз, слабиот раст на продуктивноста и премногу ниско платени работи, ја натераа ОЕЦД, водечата тинк-тенк организација на богатите земји, да ја стават Германија последна, заедно со Луксембург, во својата проценка за раст за следните 50 години. Секторот на услуги мора да биде поотворен за поголема конкуренција. Потребна е надградба на високото образование. Германија има само еден универзитет помеѓу 50-те водечки во светот. Потребни се повеќе инвестиции, посебно во инфраструктурата во истражувањата и во развојот. Цените на енергијата мора да се намалат. А јавниот сектор мора да биде поуслужлив и попродуктивен.

Ова се придодава на импресивната домашна агенда. Но на крај вистинската оставштина на Меркел лежи во преобликувањето на ЕУ. Повторно нејзините инстинкти ветуваат: таа сака да изгради посилна финансиска унија, да воведе полиберални политики, да го комплетира единствениот пазар, да ја скрати социјалната помош и да дотера регулативите. Таа сака да ја задржи Британија во клубот, иако не по секоја цена. Претпоставуваме дека ако го добие канцеларското место, таа ќе биде најдоминантниот политичар во Европа. Се обложуваме дека таа ќе сака да биде запаметена како одлучувач, а не како колебливец.

Извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама