24 Мај, 2024
0.0288

Едниот почина од Ковид-19 во притвор во Шутка, двајца добија условна казна за лажно продавање јаболка

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Основниот суд Битола ги прифати предлог – спогодбите со фамозната група на продавачи на јаболка од Ресен на странски фирми, меѓу кои еден од нив додека ја чекаше пресудата, почина во притворот во Шуто Оризари од Ковид-19.

Двајца од обвинетите добија условна осуда како алтернативна мерка во траење од две години која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од пет години не сторат ново кривично дело, додека третиот од осомничените е осуден на казна затвор во траење од една година и осум месеци. Четвртиот член од групата почина во истражниот затвор во Шуто Оризари како притворени.

Притвореникот на возраст од околу 47 години пред пет недели почина од инфаркт во ќелијата како позитивен на корона вирусот, потврди тогаш министерот за здравство Венко Филипче. Првиот пат бил негативен, но повтореното постхумно тестирање покажало дека притвореникот е носител на вирусот.  На денот на нивното апсење на 8 март тој не појавил симптоми на корона вирус кога влегол во Шутка. Засега тој е единствениот починат од ова заболување во притворот.

Групата четворица ресенчани беа обвинети за измама откако на почетокот на оваа година, со лажно прикажување на факти дека преку правно лице од Ресен можат да им продадат земјоделски производи, довеле во заблуда четири фирми од Словенија, Унгарија, Босна и Херцеговина и Русија. Наместо да им ги испорачаат јаболката, тие си ги трошеле парите.

Осудените во меѓувреме им ја надоместија штетата на странските фирми со вкупен износ од 49.170 долари и 17.466 евра. Тројца осудени ја признаа вината и побараа да се спогодат со обвинителството.







Можеби ќе ве интересира

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Новата влада најавува реформи во образованието

Новата влада најавува реформи во образованието

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

Дете со повредило од справи за вежбање донесено во болницата во Охрид

Дете со повредило од справи за вежбање донесено во болницата во Охрид