17 Април, 2025
0.0311

ЕДНО ЧЕКАЊЕ НАМЕСТО ДВЕ, ЕДЕН УВИД НАМЕСТО ДВЕ ОДДЕЛНИ КОНТРОЛИ - пуштен во употреба системот „One Stop Shop“ на граничниот премин меѓу Македонија и Косово, „Блаце – Елез Хан“

Објавено во: Македонија 12 Април, 2025 18:44

Добивај вести на Viber

Нова перспектива за граѓаните, компаниите и регионот ќе донесе новиот систе, а од две граници, контролата ќе се врши само на едно место. 

Денеска свечено беше пуштен во употреба системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ на граничниот премин меѓу Македонија и Косово, „Блаце – Елез Хан“. Присутни на настанот беа премиерите на Македонија и на Косово, Христијан Мицкоски и Албин Курти, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла.

Според премиерот Мицкоски, осовременувањето на граничниот премин е отворање на нова перспектива за граѓаните, стопанството и за регионот. 

„Денес симболично, но и суштински ја поместуваме границата помеѓу проблемите и решенијата, помеѓу застојот и движењето, помеѓу бирократијата и ефикасноста. Заедничкиот премин организиран според системот ‘One Stop Shop’ значи едно застанување наместо две, едно чекање наместо две, еден увид наместо две одделни контроли, а за граѓаните тоа значи повеќе време за семејството, за работа, за живот“,
рече Мицкоски. 

Министерот Тошковски, пак, рече дека со пуштањето во употреба на овој систем се отвора нова ера на побрз транспорт на стоки и повеќе трговија, туризам, дружба и поголемо пријателство.

„Ова е резултат на договорот меѓу двете влади и Протоколот што го уредува начинот на гранични и царински контроли, инфраструктурата, размената на податоци и поделбата на трошоци. Целта е јасна – побрзо, поедноставено и побезбедно преминување на границата. За патниците тоа значи една проверка наместо две, пократко чекање и подобро искуство, а за службите – поефикасна работа, подобра координација и посилна борба против незаконски активности“, рече Тошковски.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во говорот рече дека таму каде што пред 26 години човештвото и неговите определби за слободата, за единството, за иднината беа ставени на тест, денес симболично започнува една нова историја – историја на соработка за развој и напредок.

Косовскиот премиер Албин Курти посочи дека по подолг период ангажманот и посветноста резултирале со проекет од голема важност за граѓаните на Северна Македонија и на Косово.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги