Едношалтерски систем: За лиценци и дозволи само во Министерство!
Објавено во: Економија 26 Декември, 2012 13:39
Со цел превозниците од 1 јануари идната година на поедноставен начин да земаат дозволи и лиценци од Министерството за транспорт и врски, денеска беше потпишан Меморандумот за соработка со Централниот регистар. Со овој Меморандум се овозможува Министерството по електронски пат да добива тековна состојба и скратен финансов извештај од Централниот регистар, документи за кои досега превозниците мораа одат во просториите на Централниот регистар.
„Од 1 април наредната година ќе ги добиваме и билансот на успех, потврдата за неосудуваност и потврда дека не е изречена забрана за вршење на дејност кои се неопходни за добивање лиценци и дозволи. За овие документи сега превозниците треба да одат во Централниот регистар, да ги подигнат оттаму, а потоа да ги донесат во Министерството“, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Претходно беа потпишани Меморандуми за соработка и со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои треба да се скратат бирократските процедури и да се овозможи добивање документи само со поднесување барање во Министерството за транспорт и врски, кое потоа по електронски пат ќе ги набави сите неопходни документи од иституциите за добивање на бараниот документ.
Според директорот на Централниот регистар Ванчо Костадиновски, со Меморандумот се воспоставува едношалтерски систем во делот на издавање документи и потврди потребни за во Министерството за транспорт и врски.
„Тоа значи дека поднесителите на барања пред Министерството за транспорт и врски нема да се појавуваат физички во просториите на Централниот регистар, туку Министерството по претходно воспоставен специјален сервис по електронски пат ќе ги добива на увид неопходните потврди и документи. Тоа индиректно ќе значи намалување на трошоците на подносителите на барањата кои се прават заради шетање од шалтер на шалтер иако цената за добивање на документите ќе остане иста како и досега“, изјави Костадиновски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





