19 Декември, 2025
0.1128

ЕДНСТАВНИ ТРИКОВИ: Како да ја намалите сметката за струја?

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2016 10:53

Добивај вести на Viber

Факт е дека во лето сметките за струја се нешто пониски за разлика од зимската грејна сезона. Сепак ние ви откриваме неколку трикови како да ја намалите сметката за струја и покрај најавите на регулаторната комисија за енергетика дека од 1 јули цената на стријата ќе се намали. Греење  Греењето најмногу тежи на вашиот паричник. Еден од најефикасните начини да ја одржите саканата температура е добрата изолација. Тоа можеби е скапа инвестиција, но сигурно ќе ви се исплати во иднина. Дополнителната термоизолација ќе ја намали потрошувачката за 25 до 60 проценти. Исто така, ако се греете на струја, изберете грејно тело со термостат. Бојлер За да заштедите топла вода, подесете го термостатот на болјерот на температура помеѓу 50 и 60 степени Целзиусови. Наместо да се бањате во полна када, туширајте се, бидејќи на тој начин се намалува потрошувачката на вода и струја. Од време на време, исчистете го болјерот од креч, бидејќи бигорот ја зголемува потрошувачката. Машина за перење Машината за перење обично троши 1-2 киловат-часа, а обично работи 3 часа. Ако ја вклучувате секој втор ден, месечно ќе потрошите од 45 до 90 киловат-часови. За да заштедите струја во процесот на перење алишта, вклучувајте ја машината после полноќ Фрижидер Термостатот на фрижидерот наместете го на 3 или 5 степени. Избегнувајте да ставате топли тенџериња и редовно чистете го и отстранувајте го вишокот лед. Шпорет Една рингла на шпоретот троши 1.5 до 1.8 киловат-часови за 1 час работа, а греачот во рерната – од 2 до 4 киловат-часа. Садот во кој готвите гледајте да биде иста големина како ринглата и настојувајте да го поклопувате додека готвите. Ако ја користите рерната, термостатот мора да биде на максимум, но избегнувајте често да ја отварате вратата, бидејќи при секое отварање ја смалувате температурата за околу 15 степени. Машина за перење Перете ги садовите кога машината ќе се наполни, избегнувајте ги циклусите со висока температура (90 степени) и вклучувајте ја после полноќ. Светло Исклучувајте ги сјалиците кога излегувате од соба и не трошете електрична енергија залудно. Електрични уреди Практикувајте да ги исклучувате електричните уреди од штекер секогаш кога ќе завршите со употреба. Кога не го користите компјутерот  на пример, ставете ги во Sleep мод, бидејќи во спротивно, годишно трошат и до 1.100 киловат-часови.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд