06 Декември, 2025
0.0315

ЕДС со нов деловен простор – симбол на нов почеток и раст во рамки на PPC групацијата

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2025 14:51

Добивај вести на Viber

ЕДС официјално ги отвори своите нови канцеларии во Скопје, со свечен настан кој собра голем број гости од бизнис-заедницата, клиенти на компанија и медиумите. Настанот означува важен нов почеток за компанијата, која е дел од водечката енергетска групација PPC во Југоисточна Европа.

Главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски, во своето обраќање истакна дека изминатите години ЕДС покажа дека за своите клиенти е повеќе од снабдувач со електрична компанија и дека како компанија има капацитет да биде вистински и доверлив партнер.

„Новиот деловен простор што денеска свечено го отвораме е токму доказ за нашата подготвеност за тоа ‘повеќе’. Тој не е само простор за работа – туку простор за идеи, за иновации и за заедничка енергија. За нашите вработени тоа е инспиративна средина; за нашите партнери и клиенти – место каде секогаш ќе најдат професионалност, сигурност и поддршка.Приказната на ЕДС денес е дел од многу поголема приказна. Како дел од PPC групацијата, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, ја комбинираме нашата локална експертиза со регионалната сила и визија. Тоа ни овозможува да ја градиме иднината посигурно, посилно и со многу повеќе ресурси и знаење зад нас“, истакна Сарџовски во своето обраќање додавајќи дека ЕДС  ќе остане компанија ориентирана кон клиентите создавајќи решенија според специфичните потреби на бизнисите.

По повод отворањето на новите канцеларии на ЕДС дел од настанот беше и Заменик главниот извршен директор на PPC, Џорџ Каракусис кој ја истакна регионалната улога на компанијата која во моментов  располага со енергетски капацитет од 12,5 GW и опслужува повеќе од 8,8 милиони потрошувачи.

„ЕДС ја дели филозофијата на ППЦ – да обезбедува вредност, стабилност и ефикасност за бизнисите од сите сегменти. Овој настан е значајна пресвртница, но и чекор кон поголеми амбиции. ППЦ ќе продолжи да го поддржува растот на ЕДС и нивната посветеност да носат иновативни енергетски решенија за компаниите во земјата“, истакна заменикот главен извршен директор на ППЦ задолжен за продажба, Џорџ Каракусис.

Меѓу големиот број гости беше и поранешниот извршен директор на ЕДС, а сега главен директор за е-мобилност во PPC Group, Милтијадес Н. Бабилис.

Со отворањето на новите канцеларии, ЕДС дополнително го зајакнува својот капацитет да нуди иновативни решенија за снабдување со електрична енергија, тарифи скроени согласно потребите на компаниите и услуги што ја поддржуваат одржливата иднина на своите клиенти.


ПР Објава


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј