05 Декември, 2025
0.0326

Егзодус во здравството: дали 150 македонски лекари се спремаат за странство?

Објавено во: Анализа 13 Декември, 2013 08:28

Добивај вести на Viber

Можно е дел од македонските лекари наскоро да ја напуштат земјата, незадоволни од платите, статусот во општеството и здравствените политики, дознава Фактор од лекарски извори. Според нашите сознанија во изминатите 8 месеци 150 лекари побарале потврди од Лекарската комора на Македонија кои, ако се следи досегашната пракса може да ги искористат за заминување во странство. За овој егзодус во најава на македонските лекари, нема официјален став на Лекарската комора. Неофицијално од комората објаснуваат дека тие не прашуваат за која потреба лекарите бараат потврда, но велат дека во пракса во 90 % или повеќе од случаите, такви потврди се даваат за потреба на вработување во друга држава.

Во потврдата која ние ја издаваме, пишува дека лекарот е наш член, дека е запишан во регистарот, дека има лиценца за работа и дека нема постапка пред судот на честа – велат од Лекарската комора на Македонија.

Неодамна министерот Никола Тодоров ги повика лекарите „патриоти“ кои работат 5 години во странство да се вратат во Македонија. При тоа Тодоров најави и формирање на комисија за оценување на апликациите на лекарите и им понуди плата каква што примаат лекарите во Македонија. Апелот на Тодоров предизвика различни реакции. Некои ја одобрија акцијата на министерството, други пак, македонски лекари кои работат во Европа, порачаа, дека немаат намера да се вратат во држава каде, според нив, партиската припадност ја одредува стручноста и каде, напишаа тие, владее страв и аматеризам.

Експертите не се изненадени

Дел од експертите кои ги контактира Фактор, велат дека воопшто не се изненадени од податоците за напуштањето на земјата од страна на лекарите. Владимир Лазаревиќ раководител на меѓународниот проект „Хелтгрупер“ вели дека не очекува во скоро време да запре трендот на напуштање на македонското здравство.

Трендот на отселување на младите, но и на искусните лекари во странски држави се очекува да продолжи и во наредниот период. Тука постојат повеќе фактори кои влијаат,но се чини дека за младите најважни се ниските плати и малото вреднување на докторксиот труд. Од друга страна пак за поискусните доктори, заминувањето во странство е поврзано со можност за повисока заработка, развој на кариера во странство, како и подобар живот во целина. Економската и социјалната сосотојба во државата се одраз и на состојбите во и околу здравство и медицинската професија. Никој не би си заминал ако тука му е подобро, но малите шанси за развој и прогрес ги принудуваат лекарите, како и средниот медицински персонал да мигрираат – вели Владимир Лазаревиќ, експерт за јавно здравство

Лазаревиќ додава дека и истражувањето на  проектот „Хелтгрупер“ направено меѓу студентите по медицина го потврдува негативниот тренд. Резултатите на анкетата покажуваат дека 60.6% од студентите на медицина „сакаат да се отселат од Македонија„ по завршување на студиите, и дека 54.5% би сакале да работат во приватното здравство. По последните податоци за напуштањето на македонското јавно здравство, проблемните со екдукацијата и специјализацијата во странство, за кои Фактор веќе пишуваше експертите се согласни дека клучните елементи кои го сочинуваат костурот на здравствениот систем се наоѓа во загрижувачка состојба.

С.Р.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени