ЕХФ: Алкалоид е победник на Европскиот куп
Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2025 12:31
Ракометниот клуб Алкалоид е победник на Европскиот куп, одлучи денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ). Алкалоид го доби со службени 10-0 реванш натпревар кој не се одигра во Скопје, поради одлуката на грчки АЕК да не излезе на терен, и со две победи, и по онаа во Атина, го освои трофејот во Европскиот куп.
-Ракометниот суд на ЕХФ ја донесе својата прва одлука во врска со случајот отворен откако беше откажан реваншот од финалето на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25 помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, првично закажан за 25 мај 2025 година во Скопјe. Ракометниот суд утврди дека АЕК бил должен да игра на закажаниот натпревар. Со одбивањето да го стори тоа, клубот ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ и затоа е одговорен, се вели во официјалното соопштение од ЕХФ.
Судот, како што се додава во соопштението, одлучил резултатот од реваншот од финалниот натпревар на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25, меѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, да се регистрира со 10-0 за РК Алкалоид.
-Првиот натпревар заврши со победа на РК Алкалоид од 25-29. РК Алкалоид е затоа победник на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25, вклучувајќи ги сите последици и предности што произлегуваат од оваа титула. Секоја жалба против овие одлуки нема да има суспензивно дејство. Одлуката што се разгледува само ги опфаќа аспектите на случајот поврзани со натпреварувањето. Посебни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите сè уште се во тек. РК АЕК Атина може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум (7) дена, се наведува во соопштението.
Со освојувањето на првиот европски трофеј РК Алкалоид запишува историја за себе и за македонскиот ракомет.
- Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!
По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини.
По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10:0 голови и од 2:0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини!
Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба! – објави РК Алкалоид.
Македонскиот тим на првиот натпревар, во Атина победи со 29:25.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час
Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето
„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари
ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ





