ЕХО ОД МИНАТОТО: И низ поплави и земјотреси Штафетата на младоста патува од Скопје кон Белград!
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2014 09:03
Бошко Спасовски кој некогаш бил дел од младината која од рака на рака ја пренесувала штафетата која на крај завршувала во рацете на доживотниот југословенски претседател Јосип Броз Тито , сеуште со носталгија се сеќава на секој 25 мај, бидејќи тоа не е само ден на младоста туку и на единството, на високите човечки и морални вредности, на храброста, упорноста и издржливоста. Тој долги години го негува делото на Тито, неговите заложби и примери. Вели дека носењето на штафетата на младоста во Белград во Куќата на цвеќето има долга традиција кај нас. Прв носител бил Миле Гаврилов од Штип во 1960-тата година, потоа Лилјана Жежова во 1970 година и Чедо Георгиевски во 1978-мата година. Овој ден иако помладата генерација го знае од информациите на повозрасните има за нив посебно значење. Спасовски вели дека токму штафетата која и денеска ќе ги помине македонските патишта е симбол на единството на секој поединец, народ, нација.
“25 Мај се славеше како најголемиот празник на младоста, со големо интересирање и учевство во чест на Јосип Броз Титот како симбол на единството од Вардар до Триглав, како симбол на љубовта кон творецот на самоуправниот социјализам и воедно единството на сите народи. Традицијата продолжува и денес бидејќи многумина ќе се согласат дека тоа беше многумина ќе речат сигурно време, со добра економија, полни џебови, разбирање и почитување на едни кон други. Значи поголема важност и се придаваше на афирмацијата на заедничкиот соживот меѓу народите. Оваа цел беше успешна и се чувствувавме како дел на една успешна нација”-вели Бошко Спасовски. На денешен ден пред 121 година се роди Јосип Броз Тито (во Kумровец,1892 година).
Штафетата на младоста патува и годинава од Македонија
По осми пат од Скопје до Белград до Куќата на цвеќето -местото каде е гробот на Јосип Броз Тито.
Почитувачите на неговото дело во земјава секоја година положуваат свежо цвеќе пред неговиот споменик. И годинава ќе биде така. Порачуваат дека неговото дело не треба да се заборави, бидејќи тој бил еден од најзаслужните за создавањето на современата македонска држава.
Безгрижно детство и безгранични патувања со црвената книшка. Братство единство и разбирање царуваше во Титова Југославија, велат некогашните младинци, пионери и пионерки. Секој 25 мај ја освежуваат меморијата за незаборавниот Ден на младоста, спектакуларни прослави со цветни дефилеа , полн стадион на ЈНА во Белград. Од секоја република и покраина најдобриот студент, ученик , работник, свечено ќе му ја предадае штафетата на Претседателот.
Се уште се пишуваат песни во негова чест, му се поклонуваат пред неговата биста, ги барааат неговите слики на ѕидот во институциите.
Многумина од граѓаните од повозрасната генерација велат дека тоа за нив југоносталгично време било полно со мир и спокојство и почитување на работникот, неговата мака и вложување.
Павле Божиновски-пензионер од Скопје, вели дека за него тоа се најубавите времиња од неговиот живот. Се сеќава дека со еден ранец на рамо и со црвениот пасош вратите му биле секаде отворени. Тогаш сите народи и народности размислувале идентично, а сепак секој индивидуално.
“Парата имаше вредност. Луѓето беа погостопримливи, подобри, попријателски настроени. Денеска за жал, младите немаат големи можности да излезат надвор доколку не планираат да жртвуваат некоја своја година за денарче плус, “за кичма –транс”, да ја оставаат младоста по светот. Тоа е жално, остануваме без основната клетка на секое општество –младите луѓе.Тогаш беше поинаку. Можете ли денеска да замислите да натерате млади луѓе со песна да градат автопат на пример, да истрчаат илјадници километри за гордо да ви врачат непроценлив подарок како штафета да речеме, или во најмала рака да се собираат значки кои беа декор на секое семејство. Денеска ги кријат во подруми, во долапчиња и затурени фиоки што подалеку од погледите. Но мора да признаеме штафетата на младоста беше гордост, обврска и основа за она што значат стабилни економско-социјални темели”-вели Павле Божиновски.
Два родендени на Тито!
Последната манифестација на доделување на штафетата е одржана во 1988 та година, а вече по смртта на Тито настанала борба помеѓу раководствата. Иако со децении 25 Мај се слави како роденден на другарот Тито, тоа не е неговиот датум на раѓање. Денот на младоста бил службен датум на раѓање, а вистинскиот бил 18 дена порано односно на 7 Мај.
Носењето на штафетата траеше цели 42 години, од 1945 до 1987 година, според идеја на младината од Крагуевац, чие Одделение за спорт и фискултура ги осмислило масовните младински штафетни трчања ширум Југославија.
Првата штафета на младоста појде од Кумровец, родниот град на Тито, а потоа секоја следна година таа поѓаше од друг град и друга република.
Последниот слет на стадионот ЈНА, за време на животот на Тито бил одржан на 25 мај 1979 година.Следната 1980 година на 4 мај кога штафетата минувала низ Хрватска целата земја ја потресла веста дека Тито починал. Штафетата била прекината и положена во Собранието на СФРЈ. Тито беше доживотен претседател на СФР Југославија, беше маршал и врховен командант на вооружените сили.
До пред триесетина години денешниот ден беше еден од најголемите празници во поранешна Југославија. На 25 мај се одбележуваше роденденот на маршалот Тито кога илјадници ученици - титови пионери од сите краишта на Југославија подготвуваа специјална програма и кореографии за дочек на штафетата на младоста која поминуваше низ сите населени места и градови, за на крај да биде однесена во Белград каде се случуваше централната прослава. Додека беше жив маршалот, штафетата му се предаваше нему, а традицијата продолжи и по неговата смрт.
И оваа година, гробот на Тито во Белата куќа во Белград ќе го посетат голем број почитувачи на неговиот лик и дело, како и Музејот на историјата на Југославија, кој се наоѓа во состав на тој меморијален комплекс.
Овој ден привлекува илјадници туристи кои токму за неговото значење и влијанија долги години потоа зборуваат и ги пренесуваат на помладите генерации.
С.Б.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




