ЕИБ и даде на Словенија заем од 500 милиони евра
Објавено во: Балкан 21 Декември, 2012
Словенија денеска потпиша договор со Европската инвестициска банка за заем од 500 милиони евра наменети за кофинансирање европски структурни и кохезиски проекти.
- Заемот од Банката кој е најголем досега доделен на Словенија, ќе помогне во јакнење на конкурентноста на Словенија и ќе го зголеми нејзиниот капацитет на апсорпција на европски фондови, изјави Антон Роп, потпретседател на ЕИБ и поранешен словенечки министер по потпишувањето на договорот.
Од заемот ќе се кофинансираат проекти во секторот на транспортот, истражување и заштита на животната средина, се додава во соопштението.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.