Еј „Епл Ап стор“, зошто одбивате да го ставите „X“ или „Грок“ во вашиот дел „Задолжително“? Маск најави тужба
Објавено во: Економија 12 Август, 2025 10:35
Сопственикот на СпејсИкс, Тесла и „X“, Илон Маск, потврди дека планира да ја тужи Епл затоа што не ги вклучил „X“ и четботот „Грок“ меѓу најпрепорачаните апликации во „Aп стор“.
-Еј „Епл Ап стор“, зошто одбивате да го ставите „X“ или „Грок“ во вашиот дел „Задолжително“ кога „X“ е апликација за вести број еден во светот, а „Грок“ е број пет меѓу сите апликации? Дали играте политика? Што добивате? Љубопитните умови сакаат да знаат, напиша Маск. „Грок“ е во сопственост на стартапот за вештачка интелигенција на Маск, хАИ.
„Епл се однесува на начин што спречува која било компанија за вештачка интелигенција, освен ОпенАИ, да достигне број еден во „Ап стор“, што е јасно кршење на антимонополските закони. хАИ ќе преземе итни правни мерки“, рече Маск. Тој не даде дополнителни детали.
Епл се соочи со серија антимонополски обвинувања во последните години. Европската комисија го казни Епл со 500 милиони евра во април за прекршување на обврските според Законот за европски дигитални пазари. Во тој случај, проблемот повторно беа нефер условите во „Ап стор“.
Се покажа дека Епл им забранува на развивачите на апликации да им ставаат на располагање на потрошувачите понуди надвор од „Ап стор“. Корисниците не се во можност целосно да ги искористат алтернативните и поповолни понуди бидејќи Епл им забранува на развивачите директно да ги информираат за таквите понуди.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




