ЕК: До 20-ти август Грција ќе ја добие првата транша
Објавено во: Балкан 05 Август, 2015 09:35
Успехот на преговорите во Грција и кредиторите и овозможуваат на земјата да ја добие првата транша од третата програма за помош на Атина до 20-ти август, кога земјата треба да и плати на ЕЦБ. Ова го изјави портпаролката на Европската комисија Мина Андреев, цитирана од агенциите.
„Договорот е можно за да се обезбеди првата транша од помошта за Атина до 20 август, кога таа треба да направи плаќање кон ЕЦБ“, изјавила портпаролката.
Од 5 август Грција ќе започне детално да работи врз текстот на договорот со кредиторите по третата програма за 86 милијарди евра.
Во понеделникот претставник на Министерството за финансии на Грција, за новинарите изјавил дека првиот круг од разговорите со шефовите на мисиите на доверителите ќе биде завршен на 5 август.
Денес министерот за финансии Евклидис Цакалатос и шефот на Министерството за економија, инфраструктура, трговијата и туризмот Јоргос Статакис разговараат со претставници на доверителите за рекапитализација на банките и функционирањето на приватизациoниот фонд.
Од разговорите во Атина зависи дали ќе има доволно време за договор во рокот кој се залага балканската земја. Задачата е да го направи до 20 август, кога Грција треба да им плати на ЕЦБ 3,2 милијарди евра.
Владата очекува да потпише конечен договор со институциите до 12 август, по што тој треба да биде ратификуван во парламентите на земјите од еврозоната. Парламентот на Грција ќе гласа овој документ на 18 август.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




