ЕК: Економската криза води до зголемена употреба на дроги
Објавено во: Свет 13 Март, 2013 13:52
Актуелната криза води до зголемување на препродажбата и употребата на дроги, соопшти Европската комисија.
Овој заклучок е содржан во истражувањето, кое прогнозира се поголем број млади луѓе да учествуваат во препродажбата, дури и производството на дроги, особено на марихуана, одгледувана во домашни услови, со цел да заработат пари.
Се очекува економската криза да доведе до намалување на буџетите за политиката за борба против дрогата, особено за лекување и мерките за намалување на штетите.
Според Европскиот центар за набљудување на дрогите и наркоманите, новите психотропни сусптанци се претвораат во се поголем проблем.
Во 2011 година преку системот за рано предупредување на ЕУ за прв пат официјално е дадена информација за вкупно 49 нови психотропни супстанци. Тоа е најголемиот број на супстанци, за кои некогаш е известено во период од една година. Податоците покажуваат зголемување за 41 вид на дрога во однос на бројот во 2010 година, како и за 24 во однос на 2009 година.
Додека употребата на „традиционалните дроги“ како кокакинот, хероинот и екстази останува на исто ниво, пазарот се снабдува со нови психотропни супстанци, за чие производство се користат хемикалии, кои не се забранети со меѓународните правни норми. Тие дроги стануваат се подостапни преку Интернет и брзо се шират во многу земји во ЕУ, кои се соочуваат со тешкотии при спречувањето на нивната продажба. Во изминатите две години секоја недела се појавувал нов вид на дрога.
Според истражувањето пазарот на канабис, кој е најупотребуваната европска дрога, во 2010 година достигнал вредност меѓу седум и десет милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




