Добивај вести на Viber
Рецесијата која во Грција трае повеќе од пет години може да заврши во 2014 година, но стапката на невработеност во државата уште три години ќе остане над 20 проценти, стои во извештајот на Европската комисија.
Во извештајот пишува дека стопанството во Грција ќе забележи минимален пораст во 2014 година, за прв пат од 2008 година .
Се очекува невработеноста од 27 проценти да започне да опаѓа и во 2016 година да достигне дваесет и еден процент.
Грција од 2010 година зависи од кредитната помош на државите во евро зоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Иако владата рече дека и наредната година ќе настојува да дојде до капитал со продажба на обврзници, Европската комисија истакна дека поради големите долгови, пристапот до финансискиот пазаар ќе и биде отежнат уште неколку години.