19 Декември, 2025
0.0690

Екологистите заеднички во заштита на шумското богатство

Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2014 19:30

Добивај вести на Viber

„Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“  беше тема на работилницата која се одржа денеска во Струга во организација на Македонското еколошко друшво-МЕД. Раководителот на проектот Фросина Пандурска- Драмиќанин, истакна дека станува збор за  проект финансиран од ИПА програмата на Европската унија за соработка со Албанија кој се спроведува во соработка со албанска партнерска организација за заштита на животната средина и со фондацијата Еуронатур од Германија. Таа посочи дека на работилницата одлучиле да зборуваат за традиционалниот начин на користење на ресурсите, да се потсетат како луѓето во руралните средини биле организирани порано кога на некој начин немало централна власт и немало кој друг да ги управува ресурсите. - Во излагањата видовме дека порано луѓето бидејќи зависеле од природата и ресурсите, имале многу успешен начин и строги правила за тоа како да се користи природата. Денеска живееме во едно поинакво време во кое има одговорни институци кои стопанисуваат со ресурсите, но и покрај сите законски регулативи, имаме случаи на илегален лов, прекумерна сеча, неправилно собирање билки и печурки и тоа води кон последици и исчезување на одреден вид, рече Пандурска-Драмиќанин. Планинскиот масив Јабланица-Шебеник изобилува со природни реткости, ретки геолошки форми и специфична флора и фауна. Овој масив во рамки на меѓународната иницијатива за Европски зелен појас беше идентификуван како потенцијално прекугранично заштитено подрачје. По тој повод подрачјето Јабланица-Шебеник пред шест години во Албанија е прогласено за Национален парк. Во Македонија, предлогот Јабланица да се прогласи  за национален парк се уште се разгледува. - Дел од мисијата на Македонското еколошко друштво е Јабланица да се прогласи за национален парк. Досега неколку проекти се спроведени во регионот и во нивни рамки е подготвена студија за оценка на природните вредности, а спроведено е и социо-економско истражување. Сите тие документи заедно со предлогот за прогласување на Јабланица за национален парк уште во 2008 година се доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање, истакна Пандурска-Драмиќанин. Таа додаде дека Јабланица заслужува да биде прогласена за национален парк поради тоа што има богат биодиверзитет  и многу повеќе видови отколку што има во цела Скандинавија. На денешната прва работилница на Македонското еколошко друштво учествуваа претставници на локалната власт од Струга и Вевчани, од ловни друшта, од Јавното претпријатие „Македонски шуми“, екологисти, планинарски друштва и невладини организации кои работат на полето на заштитата на природата.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии