19 Мај, 2024
0.0253

ЕКОНОМИЈАТА И ХЕЛЕКСПО: Саем на иднината!

Објавено во: Балкан 31 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Од 6-ти до 14-ти септември во Солун ќе се одржи Меѓународниот саем “Хелекспо”. На едно место бројни светски компании од различни области ќе ги изложат своите достигнувања и новитети во производството. Годинава во фокусот на саемот ќе бидат претприемништвото и иновациите, со посебен акцент на промоцијата и порастот на извозот на земјата домаќин, Грција. Освен официјалниот изложбен дел на компаниите, во 8 –те саемски денови домаќините на “Хелекспо” имаат организирано и различни реакреативни настани, како работилници за деца, настапи на познати музички бендови и пејачи, и што е потребно за еден голем настан како што е овој  меѓународен саем.
(повеќе информации за Хелекспо на следниот ЛИНК)
- Со меѓународниот комерцијален опсег и ефективноста на солунскиот меѓународен саем, “Хелекспо” веќе формираше своја компаративна предност прераснувајќи во историски и географски единствен економски простор на Балканот, Црното Море и Источен Медитеран, стои во образложението на организаторите на саемот. Но грандиозните изложби на светските компании од сите области не се случуваат само оваа година. “Хелекспо” има историја од над 80 години, и е еден од најважните саеми не само во Грција, туку и во цела Југоисточна Европа. За прв пат вратите на изложбените простории на саемот се отвориле во далечната 1926 година Идејата за отворање на меѓународен саем била на пратеникот  Николаос Германос кој во 1925 година до тогашното Министерство за национална економија го поднесол својот иновативен предлог за ваков саем, прв во Грција. Токму Германос се смета за духовен татко на “Хелекспо”. Свеченото отворање на саемот уште тогаш го привлекло вниманието на многу грчки и домашни бизнисмени, од што посебно фасцинирани како што пишува во историјатот за саемот, биле жените на бизнисмените. Тоа било знак и почеток на редењето на успесите. На овој саем одсекогаш се промовирале најновите достигнувања на светски познатите компании и на кои овој саем им ги отворал вратите за глобалните пазари. Поради големата посетеност на саемот од над 200.000 посетители, на производите на компаниите не им е потребно многу време за да станат познати и барани на пазарите. “Хелекспо” е место кое привлекува посетители не само од Грција, туку и од свет. Секоја година, компаниите кои сакаат да се промовираат на светските пазари, и поднесуваат апликации за учество на овој саем, не само поради големината и посетеноста, туку и поради тоа што трошоците за учество на саемот  се прилагодени на потребите на излагачите и постои значително олеснување на плаќањето. Од една страна е можноста за промоција на новите технологии на компаниите, но од друга страна комерцијалната оринентација на саемот  придунесува за пораст на бизнисот на копаниите учеснички, зголемување на нивниот извоз и склчучување на профитабилни бизнис зделки. Од почетокот на годинава заклучно со крајот на оваа година, во склоп на “Хелекспо” ќе се одржат 16 саемски манифестации. На почетокот на годинава се одржаа саемите за обновлива енергија и технологија, за земјоделство, за гардежништво, мебел и санитарија, саем за книга, убавина, здравство, музика  и други специјализирани саеми. Веќе за месец ноември е закажан саемот за накит, часовници, опрема  и други скапоцени работи “Космима”.  До крајот на годинава се планирани саемите за хотелиерство , здравје и убавина, туризам. Освен изложбениот дел, “Хелекспо” нуди модерна и функционална инфраструктура за одржување на конференции. Досега “Хелекспо”бил домаќин на многу значајни конферции не само специјализирани и во согласност со изложбените теми, туку и конференции за пошироки интереси со цел комплетно да се задржи вниманието не само на посетителите туку и учесниците да бидат целосно информирани.   Инаку во 2012 година грчката влада донесе одлука за спојување на солунскиот Меѓународен саем “Хелекспо” со Организацијата за промоција на извозот, затоа што сите имаат слични дејности. (повеќе информации за Хелекспо на следниот ЛИНК) Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел