06 Декември, 2025
0.2997

Економијата може да е во криза, ама на градежните компании добро им оди!

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2014 09:44

Добивај вести на Viber

Градежните компании покажуваат позитивни финансики резултати во првото тромесечје од годинава. Растат добивките, иако кај приходната страна имаат благ пад. Гранит Во првите три месеци од годината градежната компанија Гранит остварила нето добивка од 436 илјади евра. Според податоците од финансискиот извештај објавен на берзата,  Гранит бележи раст на добивката од 15% во однос на истиот период од минатата година.Односно лани во првото тромесечје нето добивката на компанијата изнесувала 378 илјади евра. Во истиот период, приходите на Гранит бележат пад за десет проценти и изнесуваат 15 милиони евра. Компанијата бележи намалување и на приходната и на расходната страна. Бетон –Штип Добивка од 122 илјади евра регистрираше градежната фирма Бетон –Штип, што во споредба со истиот период лани има драстичен раст. Односно е зголемена повеќе од десетпати, бидејќи финасиските извештаи покажуваат дека лани во првото тромесечје обивката на компанијата изнесувала саамо 10 илјади евра. Приходите на компанијата бележат огромен скок, па така во првите три месеци од годината изнесуваат 2,4 милиони евра, а лани во истиот период изнесувале 1 милион евра. И мината 2013 година, компанијата ја завршила со позтовни финансиски резултати. Односно има добивка од 31. 611.013 денари ( 514 илјади евра). При тоа најголемиот дел е работа на објекти кои ги гради државата или локалната самуправа. Адинг Градежната компанија Адинг, во првите три есеци од годината има раст на добивката од 21%, споредено со истиот период лани. Односно во првото тромесечје од годинава добивката на Адинг изнесува 22 илјади евра. Пад на приходите за 9% , регистрира Адинг во првите три месеци од годината. Односно тие изнесуваат 963 илјади евра. При тоа, од финансискиот извештај на компанијата се гледа дека има голем пад на приходите од продажба на домашен пазар, но огромен скок на приходите од продажба на странски пазар. Сепак, во вкупните приходи на компанијата најголем дел отпаѓа на приходите од домашен пазар, а помал дел на приходите од странските пазари. Па така, во првите три месеци од годината, споредено со истиот период лани, приходите на Адинг од продажба на домашен пазар се намалени за 22% и изнесуваат 663 илјади евра, додека приходите од странските пазари се зголемени за 41% и изнесуваат 291 илјада евра. С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија