19 Декември, 2025
0.0395

ЕКОНОМИЈАТА НИШТО НЕ ЈА ПЕРЕ: Ребалансот претурање од шупливо во празно!

Објавено во: Економија 30 Јули, 2016 08:01

Добивај вести на Viber

Намалувањето на капиталните инвестиции што дојде со ребалансот на Буџетот негативно ќе се одрази врз стопанството, реагираа уште пред изгласувањето дел од бизнисмените. Дел од стопанствениците велат дека ваквото кратење на парите за инфраструктурни проекти е очекувано, а за сметка на тоа Владата ги зголемува средствата за популистичките ставки. Од Стопанската комора на Северозападна Македонија изјавија дека и со овој ребаланс Владата не им излегува во пресрет на компаниите, особено на оние кои работат на инфраструктурни проекти. „Пролонгираната политичка криза негативно влијае врз целото стопанство,  а исто така и врз полнењето на Буџетот. Со ребалансот само се потврди тоа што го очекувавме, дека прва ставка каде што се намалуваат трошоците се капиталните инвестиции. Ние и претходно кажавме дека капиталните инвестиции во претходните пет години беа на најниско можно ниво и дека тоа не е одраз на потребите на стопанството. Намалувањето на капиталните инвестиции е нешто што е очекувано и тоа не значи дека оваа Влада ќе излезе во пресрет на побарувањата на стопанството. Сметам дека приоритет повторно ќе бидат социјалните трансфери, а не другите потреби, како на пример оние на компаниите. Намалувањето на капиталните инвестиции ќе има негативни последици врз стопанството затоа што тековните проекти или оние што беа планирани нема да се реализираат, но исто така стравувањето е дека нема да се сервисираат потребите по однос на веќе постоечките договори, затоа што иако се вели дека полнењето на Буџетот од даноци е во благ пораст, ние сметаме дека сегашната техничка Влада нема да биде во состојба да ги сервисира адекватно потребите на стопанството“, рече Фатмир Битиќи, од  Стопанската комора на Северозападна Македонија. Од Стопанската комора на Македонија очекуваат дека со кратењето нема да бидат опфатени инфраструктурните проекти кои се од значење за економијата. Порачуваат да не се наруши темпото на реализација на клучните инфраструктурни проекти, бидејќи од нив зависи работата на компаниите. „Тоа што за бизнис заедницата е од најголемо значење е при секој ребаланс да се има во предвид фактот да не се врши непотребно кратење на парите наменети за развој за инфраструктурата, без разлика дали е патна или железничка. Сите оние планови кои се зацртани од институциите за реализарање на овие капитални проекти треба да продолжат и во иднина оти од нив во голема мера зависи и работењето и економското делувањње на компаниите во следниот период. Ние подетално ќе го разгледаме ребалансот, во кои ставки има намалување,  иако беше наведено веќе дека нема да има намалување на клучните инфрастурктурни проекти кои што се однесуваат на Коридорот 10 и Коридорот 8. А согласно на тоа и на проектите поврзани до енергетската инфраструктура и дека дури се предвидени некои дополнителни средства за патот кој е дел од коридорот 10. Така што ние ќе направиме дополнителна анализа и соодветно на тоа доколку е потребно и ќе реагираме. Очекуваме дека проектите за кои како што биле поставени и договорени условите така ќе продолжат да се спроведуваат и во иднина“, изјаву Билјана Пеева Ѓуриќ, од Стопанската комора на Македонија. Дел од економистите посочуваат дека капиталните инвестиции се тие кои што ја движат економијата, а сега повторно се жртва, за што крајно сметката ќе ја плати стопанството. Со 55 гласа за и 23 против пратениците го изгласаа ребалансот на буџетот за 2016-та. Вкупните приходи се намалени за околу 49 милиони евра, вкупните расходи за 45 милиони евра, а дефицитот е зголемен за 34 милиони евра. Од Социјалдемократскиот сојуз обвинија дека ребалансот на Буџетот е антиекономски и антиразвоен. Ја обвинија владата за осиромашување на граѓаните и дека крати на основните потреби, притоа продолжувајќи да се задолжува. „Го најавувате како развоен сега од овој ребаланс гледаме , дека буџетот се сведува само на исплати на плати, пензии и надоместоци, нешто што им е загарантирано на граѓаните со Закон. Ова власт крати на основните потреби и продолжува уште да ги осиромашува граѓаните“, изјави Милева Георгиева од СДСМ. Пратениците од власта пак истакнаа дека ребалансот е издржан и посочија на бројни реализирани проекти и активности кои се во тек, а кои се во насока на подобрување на животот на граѓаните. „Еве за патната инфраструктура, да ги видиме фактите кој направи повеќе, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ кога беше на власт. Доаѓате од Радоивиш за да стигнете до таму имате нов пат. Од Скопје до Велес темелно реконструиран пат, од Велес до Штип, имате нов експресен пат, а од Кадрифаково до Штип со полна пареа се гради автопатот“, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?