05 Декември, 2025
0.1194

Економијата во Аргентина опаѓа, Претседателот тера политика

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2012 15:30

Добивај вести на Viber

Аргентинскиот претседател Кристина Кирхнер ги користи Фокландските острови и покренувањето на „случајот со суверенитетот“, само за да ги прикрие состојбите во домашната економија и заканата од нова, длабока економско-финансиска криза во земјата, пишува „Дејли телеграф“.

Ваквите обвинувања доаѓаат по последните масовни демонстрации во аргентинскиот главен град против политиката на претседателката Кирхнер и актуелната криза во земјата, на кои учествувале над 200.000 луѓе. Некои од демонстрантите носеле транспаренти на кои Кирхнер се повикувала наместо со Фокландите, да се занимава со влошените економски прилики, инфлацијата и криминалот во Аргентина.

Само за една година, економскиот раст во земјата е намален за повеќе од 50 %, а инфлацијата достигна до 24 % и е најголема во Јужна Америка. Независни економски експерти во Буенос Ајрес за лондонскиот весник тврдат дека ситуацијата во земјата е полоша, отколку што официјално се прикажува, а економскиот раст годинава ќе падне на 1,5%, во споредба со преку осум проценти лани. Домашната опозиција ја обвинува Кирхнер за „популизам“ и за „залажување на масите“, додека нејзниното перонистичко движење се соочува со внатрешни расправии и поделби. Опозицијата ја критикува за нејзината се поголема блискост со венецуелскиот претседател Хуго Чавез и за се поголем авторитатизам во водењето на земјата, како и за непотребни кавги и расправии на меѓународната сцена. Нејзината расправија со генералниот директор на ММФ Кристин Легард, се оценува како контрапродуктивна, а покренувањето на прашањето за Фокландските (Малвинските) острови како целосно неполезно. Рејтингот на Кирхнер кој во 2011 година изнесуваше 40 %, сега е намален на 24 %, но аргентинскиот претседател не сака да се повлече од функцијата на крајот на нејзиниот втор мандат, во 2015 година. Според „Дејли телеграф“, покрената е иницијатива за промена на Уставот и за укинување на одредбата за огранчување на претседателскиот мандат, па се најавува дека таа ќе се кандидара и по трет пат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации