20 Декември, 2025
0.1160

Економијата во Грција на пат кон закрепнување

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2013 14:04

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас денеска изјави дека економијата во земјата  е на пат кон закрепнување,  повикувајќи се на проценките на владата, според кои локалната економија забележи раст во вториот квартал. „Според достапните индикатори, економијата во вториот квартал се зголеми во однос на првиот квартал, и тоа се случи за прв пат од почетокот на кризата, според сезонски прилагодените податоци“, изјави Стурнарас во својот говор на прес-конференцијата. „За прв пат во владата проценуваме дека БДП во вториот квартал е зголемен во однос на претходниот квартал“, додаде тој. Грчкиот Завод за статистика не ги објавува сезонски прилагодените податоци за движењето на БДП во однос на претходниот квартал, туку прави споредба со истиот период минатата година. Според неодамна објавените податоци, грчката економија во вториот квартал е намалена за 3,8 проценти на годишно ниво. Стурнарас, сепак, не сакаше да каже дека економијата излегла од шест-годишната рецесија, напоменувајќи дека економскиот индикатор само укажува на слабеење на рецесијата и постепено закрепнување на активностите. Министерот потврди дека очекува економијата во оваа година да се намали за околу 3,8 проценти. Претходната проценка на владата изнесуваше 4,2 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација