ЕКОНОМИЈАТА ЗАКРЕПНУВА: Германците ќе примаат нови работници
Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Септември, 2020
Германците сепак ќе имаат потреба од нови работници.
Германската економија закрепнува и тоа се гледа во вработувањето.
Многу германски компании планираат да вработуваат нови кадри.
Барометарот за вработување, кој го пресметува ИФО институтот за економски истражувања, скокна на 96,3 поени во септември од 95,4 поени во август.
Во производствениот сектор има повеќе вработувања, каде показателот се искачи од мајското ниво од минус 29,1 поени на минус 16,2 поени месецов.
Сепак, генерално, компаниите сè уште отпуштаат повеќе луѓе отколку што вработуваат, наведува ИФО.
Давателите на услуги, особено во ИТ, планираат и повеќе вработувања.
Тоа се потврдува со фактот дека индикаторот за вработување во услужната индустрија напредуваше од минус 13,6 поени во мај на плус 5,2 поени.
Значително зголемување на работната сила сега планираат и трговските компании и градежните компании во Германија.
Претходно, поради пандемијата земјата влезе во длабока рецесија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.