14 Мај, 2024
0.0259

Економистите предвидуваат подобра година

Објавено во: Свет 02 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Во текот на минатите неколку години, кои ги одбележа криза, финансиски пакети спас и мерки на штедење, економистите конечно најавуваат дека стигнуваат подобри времиња. Најсилната светска економија, САД, веќе ги објави позитивните резултати на економскиот раст, а истовремено Кина, која според својот календар влегува во годината на Коњот, се надева на позитивни промени. Русија има големи надежи за Зимските олимписки игри во Сочи, во февруари. Волстрит е финансиски центар на САД, веројатно и на глобалната економија - една ситна грешка на тоа место може да донесе економска катастрофа на другиот крај од светот. Сепак, берзанските трговци на Волстрит се оптимистични, додека експертите веруваат дека економското опоравување на САД ќе биде стабилен и во 2014 година. Невработеноста во САД се намалува, па така во ноември се создадени повеќе од 200.000 нови работни места, а стапката на невработеност падна на седум посто. Важен фактор е и опоравувањето на пазарот на недвижности. „Видовме бавен, но стабилен раст во текот на 2013 година и мислам дека тоа е многу добро з анашата економија. Сметам дека истото темпо ќе се задржи и во 2014  година. Сите економски показатели се поправија: невработеноста, недвижностите, потрошувачката... Мислам дека овие показатели ќе растат и наредните 12 месеци и дека тоа ќе и помогне на економијата да ја преброди евентуалната нестабилност во иднина“, прогнозира берзанскиот трговец Џонатан Корпин. Година на коњот Оваа година беше значајна по многу нешта и за Кина, во која забавувањето на еконосмкиот раст е конечно запрено, а дојде и до проомена во државниот врв. Промената на политиката доведе до тоа, на Кинезите се помалку да се гледа како на евтина работна сила, а се повеќе како на лидери во секторите како информатичката технологија. Позитивни промени се очекуваат и во рускиот град Сочи, каде во февруари ќе се одржат ЗОИ. Моменталните трошоци за организација стигнаа до 51 милијарди долари, што е четири пати повеќе од оние кои Русите ги предвидоа во 2007 година кога им беше доделена организацијата. Најскапи игри досега Поради тоа игрите во Сочи ќе бидат најскапите во историјата, бидејќи надминаа над 40 милијарди долари, колку што потроши Кина за Олимписките игри во Пекинг пред пет години. Според мислењето на Олег Чикирис, уредник на еден руски спортски весник, Олимписките игри за Русија не се само спортски настан, туку на коцка е ставена и анционалната гордост. „Тоа не е само важен спортски настан, туку и политички и не смееме себеси да си дозволиме било каков проблем. Се мора д абиде беспрекорно организирано. Претседателот Владимир Путин игрите ги сфати како сопствен проект, со помош на кој, е одлучен Русија да ја претстави како моќна и перспективна земја. Затоа ниту малку не штедеше“, смета Чикирис.  

Можеби ќе ве интересира

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама