Eкономската состојба на деловните субјекти во првиот квартал поповолна од лани
Објавено во: Економија 11 Мај, 2016 11:42
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во првото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.7 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 0.7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година.
Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Eкономската состојба на деловните субјекти во првото тримесечје годинава е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје лани. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје. Финансиската состојба во првото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2015 година, а очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените ќе се зголемат. Продажните цени во првото тримесечје од 2016 година се зголемиле во однос на четвртото тримесечје од 2015 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2016 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 21.1%, зголемена конкуренција со 21.0% и зголемената понуда на пазарот со 15.0%.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




