Добивај вести на Viber
Имајќи го предвид трендот на новорегистрирани заболени од Covid-19, најголем дел од испитите ќе се реализираат on-line/усно започнувајќи од 10.6.2020 година согласно претходно објавениот распоред, информираат од Економски факултет-Скопје, при УКИМ.
„Сепак одреден број на испити поради природата на предметните содржини и бројноста на студентите ќе мора да се реализираат со физичко присуство веднаш штом се создадат услови за тоа. За овие испити ќе следат дополнителни термини и известување набрзо.
Испитите кои ќе се реализираат усно/on-line, започнувајќи од утре ќе се спроведат со приклучување на објавените линкови во точно дефинираниот термин објавен во распоредот на веб страната на факултетот, освен за испитите за кои веќе е договорен друг распоред во комуникација со предметиот професор.
Со оглед на непредвидливоста на здравствената ситуација во земјата, доколку се добијат поинакви упатства од здравствените, односно од државните авторитети, можна е промена во начинот на изведување на испитите во вториот испитен рок, за што благовремено ќе бидете известени. За сите дополнителни и нови информации следете ги редовно објавите прикачени на веб-страната и на Facebook страната на Економскиот факултет – Скопје.
Ви благодариме на разбирањето и Ве повикуваме заедно да придонесеме во зачувување на јавното здравје!“, информираат од Економски факултет-Скопје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.