14 Мај, 2024
0.0265

Економски колапс во РС: Со нови задолжувања до покривање на тековните обврски

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Дека економијата во РС е во колапс покажуваат најновите потези на Владата на РС и градот Бања Лука.

Привидниот социјален мир и покривањето на тековните обврски се одразија со задолжување на сите страни, па така Владата на РС повторно се задолжи со нова емисија на трезорски запис, во висина од дури 53 милиони КМ, а градот Бања Лука есента ќе ја дочека со задолжување од над 40 милиони марки кај комерцијалните банки.

Република Српска се задолжува со нова емисија на трезорски записи за осигурување на средствата по основ на финансирање на овогодишниот буџет. Во решението на Министерството за финансии на РС објавено на Бањалучката берза, се прецизира дека датумот на аукцијата за трезорските записи е 26 септември, планираниот износ на емисија е 53 милиони КМ, валутната клаузула е евро, а датумот на доспевање е 27 март 2014 година.

Да потсетиме дека Република Српска, т.е. Министерството за финансии до сега извршило вкупно 12 емисии на трезорски записи во РС, по четири емисии во текот на 2011, 2012 и 2013 година. Само во првите шест месеци оваа година РС се задолжи во висина од 218 милиони КМ, што е за 20 отсто повеќе од планот.

Зоран Павловиќ, економски аналитичар, рече дека состојбата која може да се прочита во консолидираниот биланс е извршена со буџетот на РС за првите шест месеци покажува дека останале неизвршени обврзници, т.е. дека останале неплатени над 100 милиони КМ, а дека расположливите средства во буџетот биле на ниво од 70 милиони КМ и дека моменталниот кусок во буџетот е околу 30 милиони.

- Основниот проблем кој предизвика лошо полнење на буџетот е приливот на основата на ДДВ кој се намалува, а учеството на ДДВ е две третини од буџетот или околу 66 отсто. Во таа ситуација очигледно е дека Владата на РС прибегнува кон системот на краткорочно финансирање по пат на трезорски записи за да ги изврши или да ги сервисира своите обврски. Тоа е практично одложување на соочување до реалната состојба дека стопанството е во колапс, дека без нови инвестиции и нови вработувања не може да се смета на подобро полнење на буџетот – вели Павловиќ за БУКА.

Истакна дека краткорочното задолжување од 53 милиони по пат на трезорски записи практично ги сервисираат обврските од претходните задолжувања.

- Еден дел од овие задолжувања ќе се искористи да се исплатат обврските од претходните трезорски записи, а другиот дел ќе се користи за пензионерите и исплатите на пензиите – рече економскиот аналитичар.

Да потсетиме дека Владата на РС неодамна донесе одлука за зголемување на пензиите, кое ќе се случи во два чекори, а според формулата 3,5 плус 2 отсто.

ДАЛИ Е ОВА ДОСТРЕЛ НА НАШИОТ ГРАД?

Задолжувањата не застануваат тука, па на вонредната седница на Собранието на Градот беше одлучено Бања Лука дополнително да се задолжи од над 40 милиони КМ кај комерцијалните банки и тоа 22.195.869.11 КМ кај НЛБ Развојна банка и 20.431.226.00 КМ кај Уникредит банка.

Како што е најавено овие средства ќе се користат за докапитализација на Толланата со 10.000.000 КМ и рефинансирање на неисплатените долгорочни долгови.

Мирна Савиќ Бањац, одборник од ДП во Собранието на Град Бања Лука рече дека задолжувањата, ако исправно се планирани на начин во догледно време сами да се отплатуваат, или ако нивниот износ е таков да може Градот да го сервисира, сами по себе не се лоши.

- Меѓутоа и ова најново задолжување, а и задолжувањето од претходните години покажува дека немало никакви визии, дека парите се трошеле на начин во последен час да се реши проблем кој и тоа како би се манифестирал во јавноста (проблемот со Топланата), или да се трошат во проекти кои биле со кус век и носеле краткорочна корист и за мали цели, посебно во изборните години.

Како поинаку да се објасни задолженоста од над 200 милиони КМ, а граѓаните да не видат како се трошат парите? Веројатно секоја сериозна власт толкави пари би ги насочувала на пример на отворање на нови работни места во производно-услужни дејности, а не на поплочување на паркови, асфалтирање на мали делници на патишта за потреби на партиските истомисленици, давање на милионски износи на Топланата во последните неколку години, а реалниот проблем за самоодржливоста на ова и на други јавни претпријатија, не ни почнал да се решава – рече за Бука Савиќ Бањац.

Таа истакна дека економската политика на Градот многу личи на економската политика на РС. - Од ден во ден се повеќе тонеме во долгови, гледаме од месец во месец да ги подмириме основните трошоци, а на седниците на Собранието на градот од редовите на одборниците на владејачката коалиција често се слушаат изјави дека Бањалука е во одлична позиција, бидејќи на многу општини во РС сметките се блокирани. Дали тоа е дострел на нашиот град? Да се биде задоволен што сметката ни е блокирана и да се угледаме на уште полошо? Мислам дека власта во Бања Лука, и да сака многу тешко може да излезе од ќорсокакот во кој се најде – рече таа.

Нашата соговорничка истакна дека од најновото задолжување, со над 30 милиони КМ ќе бидат потрошени за рефинансирање на неисплатениот долгорочен долг.

- Треба да се побегне од праксата на поставување на неспособни луѓе на клучни места, ако треба да се платат експерти од странство, ако тука не можеме да најдеме вистински луѓе, иако јас мислам дека можеме. И конечно, да се согледа целосната состојба. А што е уште поважно да се направи конкретен долгорочен план како да се затвори овој маѓепсан круг на долговите – вели Савиќ Бањац.

НОВ КРЕДИТ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ НА СТАРИОТ

Кога е во прашање задолженоста на градот Бања Лука, Зоран Павловиќ за БУКА истакна дека тука очигледно е присутна секогаш истата методологија по принцип – да земеме нови кредити за да ги сервисираме старите.

- Покрај тоа додале уште нешто кредити и пари за да можат да обезбедат затоплување на граѓаните во Бањалука. Таа концепција исто така е само одложување на соочувањето со реалната состојба, бидејќи приливите во градскиот буџет се се помали – вели Павловиќ.

Нашиот соговорник додава дека состојбата е таква што во стопанскиот сектор во РС и на градаско ниво не работат многу, а и тоа што се работи кога ќе се види во подолг временски период покажува дека ќе дојде до неможност на исплата на сите доспеани обврски кои доаѓаат како до градот така и до буџетот на РС.

Слободан Гаврановиќ, градоначалник на Бања Лука за новинарите рече дека не се работи за ново задолжување, туку за реструктуирање на постоечкиот долг на градот Бања Лука, бидејќи градот со овие 42,6 милиони КМ ќе исплати над 32 милиони КМ претходни обврски по кредитните аранжмани кои се подигнати за изградба на комунална инфраструктура.

- На овој начин ќе се создаде една релаксирачка состојба во буџетот на Градот во оваа и следните години, а и дополнително ќе бидат обезбедени 10 милиони КМ средства за докапитализација на Топланата, како составен дел од проектот кој е усвоен на претходното заседание кога се понуди долгорочна програма за стабилизација на Топланата – рече Гаврановиќ.

Опозицијата смета дека Владата на РС треба да се вклучи во решавање на проблемот на Топланата. Зоран Талиќ советник од ПДП рече дека овие одлуки одат на штета на градот и граѓаните.

- Секој граѓанин е задолжен по 1.000 КМ, а новите задолжувања одат само на штета на граѓаните. И Владата на РС е конзумент на Топланата па треба да се вклучи во решавање на овој проблем, а на крајот на краиштата тие докапитализираат и одредени приватни компании, а сега не сакаат да се вклучат – рече Талиќ.

Ѓорѓе Умичевиќ советник од СДС истакна дека опозицијата била многу конструктивна и дека сака граѓаните на Бањалука да имаат добро греење, но и дека не е сигурна дека така и ќе биде. Александар Золак, советник на ПДП во Бањалучкото Собрание на Градот рече дека со новите задолжувања на власта се купува малку време и мир за изборите кои ќе се одржат следната година. - Го купувате тоа време со кредит кој не знаете како ќе го вратите, бидејќи не знаете дали ќе одите од банка во банка, молејќи за рефинансирање на долговите, за да добиете малку маневарски простор дополнително да го задолжите Градот, кој веќе го достигна законскиот лимит за задолжување – истакна Золак.

Золак потсети дека СНСД за 13 години власт ја задолжил Бањалука по разни основи, кредити, гаранции, за над 200 милиони марки, што е околу 1.000 марки по секој граѓанин.

- Сега со оваа одлука, планирате дополнително да го задолжите секој граѓанин за уште 50 КМ – рече Золак и потсети дека тие долгови ќе ги враќаат и жителите на Бања Лука кои немаат централно греење.

Мирна Савиќ Бањац истакна дека секој граѓанин на своја кожа најдобро ја чувствува економската политика на РС.

- Дали едноставно се доаѓа до работа? Дали работното место е сигурно? Дали придонесите редовно се уплатуваат? Дали од платите и пензиите може да се живее? Според мене, ова се прашања чии одговори автоматски ни даваат слика за состојбата во едно општество. Пред 10 години, постоеше краткотрајна експанзија на вработувањето во јавните компании и државните институции. Веќе тогаш на сите требаше да биде јасно дека овој начин на привидна благосостојба е неодржлив. Сега тоа сите граѓани на РС на најгруб можен начин го чувствуваат на своја кожа. Неприродно големиот државен апарат јаде пари, а долговите стигнуваат за наплата. Стопанство нема, сите трошат, а никој не создава пари – рече таа.

Истакна дека се додека продолжува политиката во која се гледа од денес до утре, тука нема да има напредок и според ставот на Савиќ Бањац треба итно да се направат огромни резови и да се доведат луѓе кои ќе сакаат и ќе знаат што да прават, иако и во идеални услови ќе треба многу време да се поправи огромната штета која настана претходните години.

Да потсетиме дека вкупниот долг на Република Српска е 4,6 милијарди КМ. Задолженоста на општините и градовите во РС кај комерцијалните банки и по основ на емисија на обврзници е околу 350 милиони марки. Вкупниот долг на Градот Бањалука изнесува 20 милиони марки, од тој износ 182,3 милиони КМ градот е должен на домашните комерцијални банки.

Според ставот на експертите крајно време е да се почне да се мисли за економијата и вработувањето во РС, бидејќи затворање очи над реалноста и краткорочните задолжувања за подмирување на тековните обврски и исплата на пензиите и платите не е исплатлив економски пат, не е пат кој води сметка за граѓаните на чиј грб се става тежок товар од ова задолжување.

Извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни