„Економски коридори“ за поконкурентен Западен Балкан
Објавено во: Економија 04 Мај, 2016 18:37
Инфраструктурата, конкурентноста, мобилноста и доброто управување се четирите приоритети на кои ќе се концентрираат владите од Западен Балкан со Регионалниот совет за соработка (РСС) во текот на годинава, изјави денеска во Сараево генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ.
Крајната цел е поконкурентен регион преку полесниот проток на капитал, човечки ресурси, стоки и услуги на Западен Балкан, но и во поширокиот регион и надвор од него. Со тоа ќе се помогне и процесот на интеграција во ЕУ, додаде Свилановиќ, кој модерираше со еден од панелите на Конференцијата „Сараево бизнис форум“, посветена на зголемување на соработката во индустрискиот сектор и на економската соработка со Кина.
Во изминатата година Советот работеше на подготовките на концептот на „економски коридори“, што ќе биде претставен на самитот на шесте земји на Западен Балкан што ќе се одржи во јули годинава во Париз.
РСС е меѓувладино тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), во кој активно партиципира и Република Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд





