ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НА ГЕРМАНИЈА ВО 2024 vs. МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
Објавено во: Економија, Колумни 19 Јануари, 2024
Стручната јавност, на почетокот од новата година, објави, би рекол не така позитивни податоци за надворешно-трговската размена на македонската економија со С.Р. Германија. Имено, лани, во 2023 година со Германија сме направиле извоз, но намален за повеќе од 15 отсто и тоа само за последните два квартали од годината. Оттука, за годинава која е актуелна и наредната 2025, треба да се постават ризиците повисоко во насока на македонската надворешно-трговска размена, ако се има во предвид дека најголемата европска економија има проблеми, а ефектот се пренесува кај нас. Ова е така, затоа што Германија претставува наш најголем трговски партнер, на супер прво место на пиедесталот или речиси половина (околу 45 отсто) од вкупниот годишен македонски извоз е насочен кон германската економија. Тука, логично, стручната јавност си го постави прашањето: Што, ние презедовме во таа насока?
На мисла сум, да продолжиме во писанието со анализа на економскиот раст на Германија во 2024 година, а со цел, на крајот да ги дадам одговорите на прашањето, погоре. Имено, за ваквите состојби во најголемата европска економија несомнено е дека има влијание војната во Украина. Поткрепа за ваквата теза се неодамнешните проекции на ЕЦБ за економскиот раст на земјите од еврозоната. Како што велат тие, просечнатаинфлацијаво 2024 година во земјите од еврозоната ќе биде 2,7 отсто додека во наредната 2025 година ќе може да се предвиди дека таа да се симне до 2 отсто. Но, од друга страна за таа цел да се постигне, треба да се очекува, јас би рекол, можна рецесија на економијата на земјите од еврозоната, како ѝ што се актуелните прогнози на ЕЦБ за раст во 2024 од 0,8 и 2025 од 1,5 отсто. Од ова, пак, јас ќе подвлечам - ако земјите од еврозоната ја симнат просечнатаинфлацијазаклучно со 31.12.2025 година на стапка од 2 отсто, а притоа по патот до таму, низ цела 2024 и 2025 година, не ја однесат економијата на ЕУ во рецесија, според мене, тоа ќе биде равно на голем успех на ЕЦБ и ЕУ. Но, да не заборавиме (затоа и го повторувам овој текст од минатата колумна) - за ваквата позитивна прогноза на земјите од еврозоната, војната во Украина мора да подзастане, да се смири до крајот на летото годинава, за што, сум на мисла дека се работи на тоа (Читај: Светскиот економски форум во Давос е прв сигнал во тој правец).
„Штом Германија се закашла, регионот добива воспаление на градите“
Кога веќе во заградите, погоре, го споменав Давос, ајде да се обидам да го цитирам Српскиот претседател Александар Вучиќ, како извадок од дебата на Светскиот економски форум. Тој, како што успеав да фатам белешка во дебатата, истакна дека на неговата земја и на останатите држави од Западен Балкан им е потребна силна Германија. Цитирам: „штом Германија се закашла, регионот добива воспаление на градите“. Со ова, јас сум во целост согласен. Во таа насока, не сакам ниту да замислам како ќе биде годината, доколку германската економија влезе во рецесија, во што не верувам, ако се има во предвид дека само со 0,3 отсто економски раст за 2023 година на Германија, кај нас и регионот, тоа видливо се почувстува и почна да претставува проблем на економијата.
Дополнително, за малиот раст на германската економија, лани, причинител беше рестриктивната монетарна политика предизвикана од високата стапка на инфлација, која пак, беше предизвикана од кризите со ковид пандемијата и зголемените геополитички тензии (воените конфликти во Украина и Израел). Затоа, повторно, тамошните аналитичари, за новата 2024 година имаат предвидувања особено во Германија дека граѓаните треба да очекуваме постепено, но сигурно забавување на економскиот раст во 2024 година, а умерено во 2025 година. За германските компании (стопанство), каде ние треба да го насочуваме и зголемуваме извозот, ова треба да подразбира и една непопуларна вест, а тоа е дека ќе опстојува евентуалното задржување на високите каматни стапки подолг период, баш така како што вели ЕЦБ и останатите. Во контекст на ова, главниот економист на ЕЦБ, Филип Лејн, во интервју деновиве, отворено ја спомена можноста за повеќекратно намалување на каматните стапки, но од друга страна истовремено предупреди дека пребрзото намалување на каматните стапки може да предизвика нов бран на инфлација и да ја принуди ЕЦБ да ги зголеми уште повеќе.
Економскиот раст на Германија - Хајделберг прогнози
Водечките луѓе од Хајделберг Институт, на крајот на декември, дебатираа со финансиските авторитети во Скопје, баш, на актуелните теми од економијата. Според нив, економските предизвици се важна тема во ЕУ, особено ако се знае состојбата со војните кои се на истокот. Од тоа, јас заклучив дека германците и не се баш така „хепи“ од актуелните состојби. Имено, тоа значи дека годинава ќе биде тешка за С.Р. Германија, ако се имаат во предвид воените конфликти, особено оној помеѓу Израел и Палестина, како и војната помеѓу Русија и Украина. Особено, ваквите состојби неповолно се одразуваат врз економијата на Германија, ако се земат во предвид и значајните недостатоци во буџетот на германската економија, а како резултат на недостатокот на пари за домашните инфраструктурни вложувања и проекти за германските граѓани, кои пари, сега, се наменети за поддршка на воените конфликти.
„Јас се плашам дека ваквите состојби ќе се одразат на позитивниот развој на економијата, како во Германија, така и во останатите земји од ЕУ“, неодамна во декември, истакна проф. д-р Улрих Цајтел, од Хајделберг (С.Р. Германија), од позиција на долгогодишен економски експерт и почесен член на највисокото тело за економија во ЦДУ. Во насока на ваквите состојби, неминовни се промени во Германија, за што сум сигурен дека во 2025 година, за кога се закажани изборите за Бундестагот, а ако не и порано, таквите промени ќе се случат. Нека е „аирлија Фридрих Мерц“. Во една колумна за „Фактор“ на 8-ми март, лани, напишав: „Во минатото, Мерц е препознатлив како внатрепартиски критичар. Добро запомнете го ова име, а што е најважно за нас, пријател на нашиот професор Цајтел“ (читај: човек на кого 6 години не му дававме акредитација за Институтот, тука во Скопје).
Германија ќе опстои со овие предизвици и од 2025 година, втора половина, повторно ќе биде лидер во економијата на ЕУ. Таа е земја на континуитет во економските успеси. Да, тие, сега се во фаза на замена на енергијата потребна за развој на економијата, мислам на онаа од обновливи извори и тоа ќе биде тежок и подолг процес, да бидам објективен. Но, индустријата ќе се справи со тоа. Затоа, управата на Хајделберг дава прогноза дека економскиот раст на Германија во новата 2024 година ќе биде од 1 до највеќе 1,5 отсто (раст на БДП). Сепак, јас мислам дека ова е оптимистички. Реалноста ќе биде некаде околу 1 отсто економски раст на С.Р. Германија за 2024 година, како и над 1,5 отсто раст за 2025 година.
Македонската економија - наши прогнози
Економскиотраствоновата 2024 годинаќебележирастодоколу 2 отсто. Светска Банка излезе со проекции, кои, се за малку по оптимистични од нашите, но еве, како и за лани, така и за годинава, ние ќе го држиме овој курс на контролерско прогнозирање на македонската економија за 2024 година. Имено, најновите јануарски проекции на Светска Банка за економскиот раст на регионот, се следни: Косово на врвот, со стапка од 3,9 отсто, потоа следуваат: Албанија и Црна Гора со 3,2 отсто, Србија со раст од 3 осто, Босна и Херцеговина со раст од 2,8 отсто, Хрватска со 2,7 отсто, Македонија со 2,5 отсто и на крајот е Бугарија со 2,4 отсто. Оттука, се поставува прашањето:
На што да се посветиме?
Прво, мора да се бориме со инфлацијата преку висока продуктивност на работниците во македонската економија. Но, тоа е малку веројатно согласно со актуелните состојби на пазарот на трудот. Да запомниме една важна работа: само економиите кои ќе имаат високо продуктивни работници „војници“ ќе ги добиваат следните битки во економијата. Клучно, тука, ќе биде времето потребно за преобразба. Ете затоа, Словенија во 2023 година си запиша 1680 деца, само во основно образование - Македонци.
Второ, не е доцна да ја фатиме можноста преку читање на идните политики не ЕУ, особено таква е онаа т.н. „nearshoring (приближување) опција“, каде најсилните европски економии сакаат да ги снабдуваат своите добавувачи и главни компании со клучни производи, но да бидат блиску на европскиот континент.
Трето, потребененационаленконсензусзадолгорочнаекономска стратегија за развој на македонската економија со двоцифрена стапка на раст (од 10 отсто) ако сакаме граѓаните да ја почуствуваат вистински состојбата од растот на БДП. Како што се вели: „Оптимизмот е верба која води кон достигнувања. Ништо не може да биде направено без надеж и доверба.“
Четврто, да не заборавиме дека 2024 година е година на избори дома, ЕУ и САД. Оттука, ризицитетребадабидатповисоки во таа насока, при проекции за брз пад на инфлацијата под 3 отсто, а без опасност од рецесија.
проф. д-р Синиша Наумоски,
Претставник на управата на германската високообразовна установа ХАЈДЕЛБЕРГ Институт во Скопје и контролинг професор во АБИТ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.