06 Октомври, 2024
0.0232

Економските битки на Украина не се помалку тешки од политичките!

Објавено во: Анализа 21 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Украина се уште можеби е збунета од очигледната загуба на Крим и неволјите по источните граници со етничките Руси, но нејзините економски битки на крајот можеби се поважни. Една потенцијална корист од болната ситуација со Крим може да биде подобар финансиски третман од страна на Западот, пишува CNBC. Западот, кој може да нема волја да ја санкционира Русија за нејзините дејства во Крим, ќе се обиде да го надомести со повеќе великодушни пакет помош од Меѓународниот монетарен фонд, смета Тим Еш, шеф за анализи на пазарите во Standard Bank. Со девизни резерви од само 12 милијарди долари и БДП по глава на жител од 3 867 долари во 2012 година, според податоците на Светската банка, Украина еочајни по финансиска помош. Ако руската трговија , која претставува околу 20 проценти од извозот и 30 отсто од увозот на Украина , според Nomura , скршне, тоа може да е тежок шок за економијата. Европските лидери овие два дена се среќаваат, за да разговараат за евентуално зголемување на санкциите во однос на Русија и како да се помогне на економијата на Украина да се опорави од годините на доминација од неколку олигарси . Тие веќе и помогнаа на Украина да се приближи  поблиску до членството во ЕУ со потпишувањето на договор за асоцијација . Ова е важен чекор , иако земјата е далеку од економските стандарди потребни за членство. Без надворешна помош економијата може да се влоши многу пред да почне да се опоравува . Украина е посветена на отплата на кредитот од 3 милијарди долари што ги доби од Русија во декември . Ова требаше да биде дел од пакетот финансиска помош за 15 милијарди долари . Добрата вест е дека односот долг кон БДП е помал од 50 отсто , а земјата би била релативно евтина за спасување од ММФ . Тоа би требало да значи дека нема да има потреба од надворешно преструктуирање на долгот или стечај , вели Вадим Храмов , економист во Bank of America Merrill Lynch . "Би било тешко да се објасни истовремено на западните кредитори и Русија дека неликвидност на нивните обврзници е неопходна, Западот сака Украина да побегне  од руските раце", посочи тој. Банкарскиот сектор има потреба од 3 до 10 милијарди долари дополнителен капитал во периодот 2014-16 година, според Bank of America Merrill Lynch. Во економски контекст Крим не е огромна загуба: неговиот БДП е само 3 проценти од оној на Украина и е поддржуван во голема мера од државни субвенции. Новата влада ги стопира јавните набавки кои се критикувани за корупција, додека новото законодавство за борба против корупцијата биде прифатено. Ова треба да го направи процесот за освојување на државни аукции потранспарентен. Во моментов субвенциите врз цената на природниот гас, кои достигнуваат 70%, ја зголемуваат куповната моќ на просечниот Украинец. Ако тие бидат отстранети, што може да е потребно за добивање на заем од ММФ, обичните Украинците ќе бидат сериозно погодени. К.К.