01 Јули, 2024
0.0351

ЕКРАНИЗАМ КАЈ ДЕЦА ВО ПРЕД ШКОЛСКА ВОЗРАСТ: Епидемија и опасност од сериозни проблеми во понатамошниот развој

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Времето пред екранот е секојдневна појава во денешно време, како во животот на возрасните така и на децата. Според експертите, големата пресвртница и стремеж за екранизација се случи  во 1997 година по објавувањето на првото видео за Бебе Ајнштајн. Тоа е почеток на масовно изложување на доенчињата и малите деца на содржините на екранот поради акцентот на едукативна содржина што ја нудат овие видеа. Иако немало емпириски докази за потврда на ваквите тврдења, многумина почнале да ги изложуваат своите деца на токму вакви содржини за да придонесат на јазичниот развој на детето. Сепак, денешните ставови на педијатрите имаат сосема спротивен став околу ова прашање.

-Екранот е прозорец кон светот. Така говореа многу светски научни умови, тврдејќи дека перцептивната проекција, како визуелната така и аудитивната е есенцијално важна за растот и развојот на детскиот мозок….Меѓутоа, постои едно големо НО, вели во разговор за Фактор, д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар кој мината недела на оваа тема говореше на Меѓународниот конгрес на психијатри што се одржа во Охрид.

Вели дека се повеќе истражувања го потврдуваат штетното влијание на екраните за развојот на јазикот, говорот и комуникацијата. Според него, потребно е да се направи увид во наодите од релевантните истражувања во однос на употребата на екраните и нивното влијание врз јазикот, говорот и комуникација и да се превземаат веќе најнеопходните мерки за решавање на овој сериозен проблем.

-Дефиниција за Екранизам е всушност долгочасовна фиксираност пред каков било екран , кој резултира со комплексна проблематика и воведување во нова сфера на псеудоаутизам. Утврдено е видно отстапување во сите делови на правилната развојна мапизација за одредена возраст. Говорот е нај засегнатиот сегмент за којшто родителите се јавуват на лекар, а исто така и поради промени во однесувањето и влегувањето во изолација односно живеење во  т.н. „свој свет”. Се случува  нарушен фокус на вниманието, отсутност, има податоци за несоница и концентрација која е сведена на најниско ниво со присуство на симптоми од аутистичниот спектар , односно фаза на псеудоаутизам па и аутизам (кај децата со аутизмот уште повеќе ја отежнува состојбата). Тоа може да се препознае во заостанувањето на детето зад своите врсници, како во однос на говорот на мајчиниот јазик, така и во насока на потешкотии во задржувањето на вниманието на целната задача според неговата возраст. Кај некои деца екринизмот се манифестира во насока на потешкотии во воспоставувањето врска со другите околу нив, тие се изолираат и немаат развиена игра соодветна на возраста, вели д-р Андоновски.

Посочува дека периодот на пандемијата, социјалните мрежи, јутуб, тикток генерациите кои, како што вели се огромна опасност  за иднината, и сето ова под името екранизација кај  децата, постави задача за оваа состојба да биде сериозно третирана од страна на севкупен тимски третман кој ќе вклучува професионалци од различни  дисциплини.

-Педијатар, психијатар , дефектолог, психолог, логопед, нутриционист, па дури и социјален работник во одредени случаеви. Третманот треба да вклучува, покрај  екранизациското ограничување на третираното дете, да постои и соодветен пристап и кон специфичен психотерапевтски третман, неурофитбек, но и нутритивен третман. Таа фиксирана активност, заглавеноста во мозочето на децата се регистрира преку специјална метода наречена ЕЕГ која има за цел да ни ја покаже мозочната активност, односно активноста на мозочните бранови. Кај децата со екранизам се утврдува постење на патолошки изменето ЕЕГ кое влијае на сите горе споменати состојби кои ги предизвикува екранизацијата. Ова доведува до заглавување во Алфа бран, момент на виртуелно задовлоство и патолошка состојба на Делта бран во будна состојба што не смее да се случува и означува сонување со отворени очи. Ова означува едно нешто, а тоа е е оштетување на мозочното ткиво кај децата, нагласува д-р Андоновски.

Екранизација на деца над 3 годишна возраст поради непобитниот и докажан штетен ефект врз мозочната активност на децата во самиот тек на развојот.

Д-р Андоновски вели дека децата до три години не смеат да бидат изложени на екрани, додека од тригодишна возраст до рана училишна возраст можат да бидат изложени најмногу до 30 минути со присуство на родител или друго лице кое ќе комуницира со нив за време на содржината што се гледа, објаснување и преиспитување на она што го гледаат.

-Во училишна возраст се препорачува да помине еден час со задолжително инсталирање апликација за родителска контрола на мобилниот телефон на детето, за родителот да има јасен дневен преглед што гледа неговото дете, со кого комуницира и колку е времето што го поминува на Интернет. Од друга страна како светска културна и научна придобивка е интерактивното, контролирано употребување на екраните во едукативни цели, секако и само под надзор од страна на родителите и едукаторите. Она што треба да се знае дека корисната содржина која е прилагодена на детската возраст  во однос на тематиката и употребениот јазик и секако соодветната возраст кај детето, не насочува да  резимираме дека некои содржини  кои се полни со интерактивност и бараат од детето да биде вклучено во активности за коментирање и одговарање на прашања, е од клучно значење и е корисно за брз и правиленн ментален равој, но и  соодветно и добро планирано  време од страна на  родителот  за тоа колку време ќе помине детето  пред екранот. Така децата сè уште имаат можност да ги истражуваат световите околу нив без да го истражат преку дводимензионална содржина на екран, вели тој.

Инаку, во Заводот за ментално здравје кај деца и младинци „Младост“, при Здравствен дом Скопје, стручниот тим, како што појаснува д-р Андоновски, направи и сопствено истражување во врска со екранизацијата и успешно го презентира во научните кругови.

-Оттаму и заклучокот дека постои огромна опасност поготово која се манифестираше по Ковид 19 пандемијата дека се направени огромни грешки како  последица на долгорочно „занемарување“ на менталното здравје на нашите деца. Од една страна имате голем број деца кои поголемиот дел од времето го поминуваат пред екранот и се „исклучени“ од соживот со другарчињата и соседите . Занемарена е емпатијата, помагањето на другите членови на семејството, соседите. Развивањето чувство за забележување на потребите на ближниот е потиснато и обезвреднувано. За развој на детската личност, примерот што родителите треба да  го покажуваат на децата мора да биде во  насока на заеднички активности насочени не само кон нивна лична корист, која доминира во индивидуализмот, туку и во корист на општеството, на пример помагање на постар сосед, помагање на бабите и дедовците, вклучување преку волонтирање и слично. Сето ова, очигледно толку банално, во својата суштина ја има исклучителната важност да се развие детската емпатија кон ближниот, а тој „сосед“ еден ден на крајот ќе биде родителот  на кој ќе му се вратат сите добри работи што ги вложил во своето дете. Родителската присутност и нивна заангажираност ќе придонесат кон решавање на овој комплексен проблем. Но, треба да се знае дека родителите се тие кои заради своите многубројни обврски и недоволно обрнување на внимание кон своето дете го доведуваат овој проблем на највисоко апармантно ниво, заклучува во разговорот д-р Андоновски.

Анита Буховски

ФОТО: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Распишан тендерот за компресорска станица за хируршките сали

Распишан тендерот за компресорска станица за хируршките сали

ЧУВАРИТЕ НА РЕДОТ И МИРОТ ЌЕ ЗЕМААТ ЕВТИНИ КРЕДИТИ - еве што им соопшти Независниот синдикат на Полицијата

ЧУВАРИТЕ НА РЕДОТ И МИРОТ ЌЕ ЗЕМААТ ЕВТИНИ КРЕДИТИ - еве што им соопшти Независниот синдикат на Полицијата

„ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА РУСКА ПРОПАГАНДА И ПРОРУСКО РАСПОЛОЖЕНИЕ, МОЖЕТЕ ПОВТОРНО ДА НИ ГИ ОСВОИТЕ СРЦАТА“ - професорот Славески им напиша на своите американски пријатели

„ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА РУСКА ПРОПАГАНДА И ПРОРУСКО РАСПОЛОЖЕНИЕ, МОЖЕТЕ ПОВТОРНО ДА НИ ГИ ОСВОИТЕ СРЦАТА“ - професорот Славески им напиша на своите американски пријатели

„ЗА ДИКТАТИ И УЛТИМАТУМИ НЕ ПРЕГОВАРАМЕ“: Мицкоски за договорот од Преспа и за договорот со Бугарија

„ЗА ДИКТАТИ И УЛТИМАТУМИ НЕ ПРЕГОВАРАМЕ“: Мицкоски за договорот од Преспа и за договорот со Бугарија