19 Декември, 2025
0.3433

Екс член на ОНА и поддржувач на Ахмети доби четиринаесетто продолжување на пробна лиценца за мала хидроцентрала: Добивката му паѓа од година во година

Објавено во: Економија 15 Август, 2025 08:10

Добивај вести на Viber

„Ани-Енергетик“ од Тетово, во која мнозински сопственик е Нури Беџети, професор на универзитетот во Тетово, поранешен член на ОНА и поддржувач на политиките на Али Ахмети и ДУИ, повторно доби пробна лиценца за малата хидроцентрала на Габровска река.

Во фирмата, освен професорот кој е на црната листа на САД, Беџети кој има 59 проценти, сопственик со 6 отсто е и „АК-Инвест“, една од фирмите подизведувачи на „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар-Букојчани, но и фирма која е меѓу оние кои добивале најмногу пари од тендери за градежни работи, а со 35 проценти, ко-сопственик е и фирмата за градежништво и проектирање, „Цеацон“, исто така од Тетово.

Фирмата низ годините има се помала добивка. Ако во 2022 година имале 622 илјади евра, во 2023 година, таа се намалила на 161 илјада, за минатата година, „Ани-Енергетик“ да има добивка од речиси 120 илјади евра.

Фирмата прв пат добила пробна лиценца за хидроцентралата од 1,24 мегавати во 2021 од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Иако ова е четиринаесетто продолжување на пробната лиценца, фирмата се уште не добива трајна лиценца.

Во Одлуката е наведено дека „Ани-Енергетик“ има доставено и барање за продолжување на рокот за комерцијална работа за малата хидроелектрична централа „Габровска река“. На 31 јули пак, било утврдено и дека има застој во постапките кои ги води оваа фирма за „Габровска река“, па било предложено продолжување на рокот за почеток на комерцијална работа за „Габровска река“ до 7 октомври 2025 година.

Фактор претходно пишуваше дека Владата на седница на 3 јуни годинава донела одлука на Ани-Енергетик да му даде државно градежно земјиште под долготраен закуп по пат на непосредна спогодба за потребите на хидроцентралата во тетовско Доброште.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии