18 Декември, 2025
0.0513

ЕКСКЛУЗИВНО: Детали околу франшизата го проблематизираат влезот на McDonald’s во Македонија

Објавено во: Економија 13 Септември, 2021 07:44

Добивај вести на Viber

Финишираат подготовките и наскоро најголемиот трговски центар во земјава ќе ги отвори вратите. Ист Гејт Мол ќе стартува со работа, а граѓаните кои сакаат шопинг уште по најавите со нетрпение очекуваа да влезат и да пазарат во некои од дуќаните на познатите брендови кои прв пат се отвораат овде, но и дел од нив кои веќе се присутни како „Зара“ на пример, чија продавница тука ќе биде најголема во регионот. Додека се подготвуваат и рестораните и кафулињата, а отворањето е за еден месец, нема конечна потврда дека интернационалниот гигант McDonald’s сепак ќе биде присутен во земјава.

Сигурни извори за Фактор во април потврдија дека преговрите финишираат и американскиот гигант одлучил да отвори ресторан во земјава, сепак се уште не е ставен потпис на договорот. McDonald’s не се откажале, но нема конечен договор, а клучната работа била околу франшизата. 

Се тврди дека се допрецизираат детали околу тоа кој треба да ја поседува франшизата сега, па отворањето затоа можело и малку да се пролонгира односно да не се случи годинава.

Како што е познато, во 2013 година „Мекдоналдс Европа“ го прекина договорот за франшиза со македонската фирма „СЈ компани“, која, од тогаш не смееше да работи под брендот „Мекдоналдс“.По прекинот на договорот, „СЈ компани“ веќе не ги поседуваше правата да работи со рестораните под тој бренд.

Инаку ексклузивниот лизинг агент “Cushman&Wakefield/FortonMKA и тимот на Ист Гејт Мол веќе објавија дека постојано ги следат трендовите на потрошувачите и врз основа на нив создале стратегија со која го позиционираат Ист Гејт Мол како трговски центар на новата генерација.Фокусот е ставен на креирање на дестинации кои покрај шопинг нудат и различен број на нови искуства за купувачите кои бараат многу поразновидна и пософистицирана понуда на концепти за храна и пијалоци.

„Ист Гејт како најсовремен проект во регионот кој ги следи сите шопинг трендови, покрај големиот микс од брендови и различни категории е и место каде што посетителите ќе може да искусат еден сосема различен уникатен концепт таканаречен Café Avenue (Кафе Авенија). Замислете си долга улица на која се наредени најмонденските кафеа и ресторани, и на која се протегаат 6 различни, внимателно одбрани концепти на приближно 3.000 м2, креирани по последните ентериерни и гастрономски трендови кои што ќе ги задоволат и најпребирливите посетители. На Кафе Авенијата меѓу другото ќе се понуди првата франшиза на оригинален стек ресторан, софистициран мексикански ресторан, како и уникатни стилски ресторани со интернационална и македонска кујна, велат од “Cushman&Wakefield/FortonMKA и тимот на Ист Гејт Мол.

А светски познатиот моден магнат, Групацијата Индитекс за прв пат во Ист гејт мол ќе го отворат „Zara Home“ и „Oysho“. Трговскиот центар има 220 продавници, а 40 отсто од нив се нови брендови кои за прв пат влегуваат во Македонија.

Уште едно освежување за посетителите претставува и полската модна групација LPP која во Ист Гејт Мол ќе отвори пет продавници и тоа „RESERVED“, „MOHITO“, „HOUSE“, „CROPP“, „SINSAY“.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа