17 Декември, 2025
0.0596

Ексклузивно: Фактор на светската презентација на новата БМВ серија 5 во Минхен, Баварија

Објавено во: Економија 07 Јули, 2013 08:39

Добивај вести на Viber

Во текот на изминатата недела ФАКТОР беше ексклузивен гостин на светскиот производител број.1 на возила од високота класа БМВ. Со подршка на локалниот ексклузивен дилер на БМВ МАККАР Скопје  Фактор присуствуваше во Гархинг на светска промоција на новата  серија 5 Gran Turismo како и на редизајнот на стандардната лимузина на серијата  5 БМВ. Во градот кој зрачи со својот баварски шарм, фанатиците на доброто пиво и луксузните возила секако имаат што да видат и доживеат. Минхен не е познат само како град каде секоја година се одржува најголемиот светски настан за пиење пиво Октоберфест кој го посетуваат преку 15 милиони луѓе од целиот свет, напротив  Минхен е и срцето на Баварија, најбогата германска покраина и срцето на највредната марка во автомобилскиот свет Баварската Фабрика за Автомобили , БМВ. Модерниот Минхен е финансиски центар и е еден од светски најдобро рангираните градови по квалитет на живот. Од многубројните знаменитости, кои ќе Ви ги претставиме во наредните денови, Фактор денеска Ви предлага да го посетите BMW WELT– музејот на баварскиот производител, место каде корпорацијата е во постојан дијалог со нејзините потрошувачи, фанови и посетители од целиот свет. Новините во новата GT серија 5 како и рестилизираната стандардна mainstream серија 5 беа презентирани во Гархинг, близу Минхен. Инженерите на БМВ се потрудиле задоволството кое го пружа БМВ да биде далеку поголемо и посифистицирано од конкурентите. Одличните динамички способности, комфортот, ефикасноста, естетиката и врвниот квалитет, проследен со многу иновации дизајнирани да го зголемат задоволството во возењето – ја прават СЕРИЈАТА 5 БМВ бестселер во премиум и во егзекјутив бизнис сегментот. Навистина, константното зголемување на продажните бројки ја запечатија позицијата како глобален лидер на СЕРИЈАТА 5 во својата класа. Со продадени преку милион возила од серијата БМВ 5 Седан, БМВ 5 Туринг и БМВ 5 GT од претставувањето на тековната генерација–БМВ Серија 5 заслужено го носи приматот на уникатен статус во својата класа поради луксузниот карактер. За поголемо уживање екслузивно погледнето го видеото од претставувањето на новата Серија 5 на БМВ. http://www.youtube.com/watch?v=wNn0etu3fnA Сега се отвара ново поглавје со претставувањето и продолжувањето на импресивната успешна приказна. Прецизни модификации во дизајнот на серија 5, нови модели на мотори и иновативни додатоци на достапните нивоа на опрема, како и БМВ ConnectedDrive технологијатаго потикнуваат барањето на Серијата 5 на БМВ фамилијата возила кон едно ново повисоко ниво на престижност. За Фактор од Минхен , Република Германија Александар Манев

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија