06 Декември, 2025
0.0690

Индиецот Рој ќе плати нешто помалку од 5 милони евра за хотелот Славија!

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2013 09:44

Добивај вести на Viber

Фактор ексклузивно дознава дека бизнисменот Субрата Рој за хотелот Славија платил нешто помалку од 5 милиони евра. Зделката, како што веќе објави Фактор беѓе реализирана вчера, веднаш по пристигнувањето на Рој во Охрид. Дека индиската компанија Сахара Индија Паривар на чело  ја купи Славија, за Фактор потврди досегашниот сопственик на хотелот Владо Рувинов. “Точно, индискиот бизнисмен Субрата Рој стана сопственик на хотелот Славија. Можам да кажам дека четиримесечните последни преговори вродија со плод. Субрата Рој дефинитивно го купи хотелот со најубава локација на Охридското крајбрежје. Сакам да искажам огромна благодарност до премиерот Груевски, до министерот Ставрески и до директорот Виктор Мизо за се што до сега направија, што во земјава донесоа сериознен инвеститор како Субрата Рој. Со ова, но и со реализацијата на грандиозниот проект на Субрата Рој во Љубаништа мислам дека ќе се прероди и Охрид и Македонија“, изјави за Фактор Рувинов. Рој го купи хотелот Славија каде што ќе се сместат архитектите и сите инженери кои веќе за половина месец треба да дојдат во Охрид за да ги почнат подготовките за реализација на проектот „Сахаријан Македонија“. Индискиот биснисмен ќе ја посети локацијата во Љубаниште со површина од околу 240 хектари, каде што треба да се изгради специфичен пловечки хотел со казино, пристаниште, голф терен на многу високо ниво, спа центар, вили кои ќе можат да се купат, хотели, конференциски сали, шопинг центри… Како што неодамна во интервју за Фактор објави Мизо, Субрата Рој планира да воведе и неколку оргинални и ексклузивни содржини односно објекти кои ќе ги има само на Охридското езеро и никаде на друго место во светот. Се очекува наскоро на прес конференција деталите од продажбата на Славија да ги обелодени самиот Субрата Рој, а пред новинарите ќе се обрати и Министерот за финансии Зоран Ставрески.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?