18 Декември, 2025
0.0587

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ ЈОХАНЕС РАИ: Животот не е црно-бел, оставете простор за шаренилото!

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2016 07:56

Добивај вести на Viber

Јоханес Раи е официјален  претставник на фондацијата Конрад Аденауер, која е блиска до владеечките демохристијани на Ангела Меркел, а во Македонија, ги организираше тренинг обуките за партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ.                                   Задача на медијаторите од ЕУ е да посредуваат, а не да ги решаваат проблемите. “Проблемите треба да бидат решени од страна на засегнатите учесници во преговорите. Важно е сите партии да изнајдат компромис. Извештајот на Прибе и договорот од Пржино би можеле да бидат полезни алатки за исполнување на потребните стандарди”. Официјалниот претставник на Конрад Аденауер Јоханес Д. Раи во ексклузивно интервју за Фактор оценува дека ДИК добро ја завршила својата работа околу избирачкиот список што сега е прочистен. “Македонија е многу далеку од тоа да се нарече нефункционална држава. Но, ова не значи дека нема потреба од силни институции, подобрување и реформи согласно препораките на Европската Унија”. “Корупцијата, непотизмот, кронизмот се предмет на дебата во секое општество. Суштествено е луѓето, граѓаните да ја увидат можната инфилтрација во општеството и да го казнат тоа”. Дали е разочаран од квалитетот на владеечките политички елити Раи одговара - “Генерално јас никогаш не би го вперил мојот морален прст кон некого. Но во Македонија доминира општествен амбиент - “„или си со мене или си против мене. Животот не е само црно бел, има многу шаренило во него.“ Официјалниот претставник на германската фондација Конрад Аденауер во првото интервју за македонски медиум со став - ЕУ е заморена од проширувањето и сопствената внатрешна криза и тоа ќе ги следи македонските перспективи во Унијата. Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Македонија минува низ комплицирана криза. Постои голема недоверба во институциите, во судскиот систем, се заборава на општествените вредности, отсуствува свеста за јавните добра. Кој и на како начин може да обезбеди правна сигурност и владеење на правотo и дали Македонија се соочува со опасност да стане нефункционална држава?  Jоханес Д.Раи: Како странски државјанин  многу е тешко да се даде оценка за владеење на правото во туѓа држава. Досегашните мои искуства со македонските институции при добивање на работната дозвола, дозволата за привремен престој беа мошне позитивни. Според мене ако ја споредам земјава со државите во кои досега сум бил претставник на фондацијата, Македонија е многу далеку од тоа да се нарече нефункционална држава. Но, ова не значи дека нема потреба од силни институции, подобрување и реформи согласно препораките на Европската Унија. Фактор: Вие во една прилика имате изјавено дека ви е чудно што македонските политички чинители не можат сами да ги решават внатрешните проблеми и секогаш бараат помош однадвор. Од друга страна,  Еврокомесарот Јогханес Хан се залага меѓународни експерти  да  учестуваат во проверката на Избирачкиот спосок за да се избегнат сомнежите околу неговата веродостојност.Зошто досега не дава резултатите меѓународното посредување? Јоханес Д.Раи: Повеќе пати имам изјавено дека навистина не разбирам зошто македонските политичари, политичари со добро образование, не можат да ги решат сами своите проблеми. Јас како граѓанин на Сојузна Република Германија би бил изненаден дури и лут доколку на моите политичари во Германскиот Бундестаг би им била потребна меѓународна помош за решавање на сопствените домашни проблеми. Еврокомесарот Јоханес Хан како и сите политичари во ЕУ се длабоко загрижени за политичката криза во Македонија. Неговиот предлог би можел да се разгледа, но според моето скромно мислење Државната изборна комисија, независно тело со претставници од сите политички партии, добро си ја заврши својата задача и се изјасни дека избирачкиот список е прочистен и дека постојат предуслови за одржување на избори. Задача на медијаторот е да посредува а не да ги решава проблемите. Проблемите треба да бидат решени од страна на засегнатите учесници во преговорите. Фактор: Дали имате впечаток дека за опозицијата главен столб за решавање на кризата се „странците“ и возможно ли е во сегашната поделеност во македонското ткиво домашните чинители сами да постигнат договор? КОМПРОМИСОТ Е КЛУЧНИОТ ЗБОР ЗА ПОЛИТИЧКИ РАЗВОЈ Јоханес Д.Раи: Како што реков што помалку „странци„ толку подобро за земјата. Тоа би требало да биде принципот на политички дијалог во секое поларизирано општество. Време е да се промени политичката култура во насока на изнаоѓање компромиси. Компромисот е клучниот збор за политички развој. За мене како странец кој само ги набљудува работите е многу тешко да се разбере менталитетот „или си со мене или си против мене„. Животот не е само црно бел, има многу шаренило во него. Фактор: Дали во преден план треба да биде лицитирањето со нови датуми за избори или исполнување на обврските од извештајот на Прибе. Откако  СДСМ беше против одржуавње на изборите најпрво во април а потоа и во јуни, сега лидерот на СДСМ Зоран Заев порачува  дека тие би можеле да се одржат во октомври или следната година во март. Кое според Вас е остварливо сценарио?      Јоханес Д.Раи: За мене датумите не се многу важни. Важно е сите партии да изнајдат компромис по сите прашања и заедно да објават дека може да се одржат фер избори. Извештајот на Прибе и договорот од Пржино би можеле да бидат полезни алатки за исполнување на потребните стандарди. ИВАНОВ ДЕЛУВАШЕ НА ГРАНИЦА НА ПРАВНА ИЗДРЖАНОСТ Фактор: Како ја оценувате одлуката на претседателот Ѓорге Иванов најпрво делумно да ја повлече аболиција, а потоа и целосно да го поништи  решението од 12 април. Дали ваквата одлука може да доведе до релаксирање на внатрешните состојби  или дополнителни ќе ја  продлабочи на политичката агонија? Јоханес Д.Раи: Сметам дека Претседателот Иванов делуваше со силна верба со цел да се реши политичката криза. Но, можеби од правен аспект неговата одлука беше на граница на правна издржаност. Се надевам дека со ова кредибилитетот на институцијата Претседател нема да биде разнишана. Фактор: Политичките елити не можат или не сакаат да го согледаат  навлегувањето  на криминалот во сите пори  на општеството ? Јоханес Д.Раи: Корупцијата, непотизмот, кронизмот се предмет на дебата во секое општество. Суштествено е луѓето, граѓаните да ја увидат можната инфилтрација во општеството и да го казнат тоа искористувајќи го своето право да гласаат или да не гласаат, и самите тие по посветено да се ангажираат за подобро опшетство. ЈОХАНЕС РАИ СЛИКА 2Фактор: Колку и на каков начин политичката криза ќе ги доведе во прашање европските перспективи на Македонија? Јоханес Д.Раи: Ние треба да бидеме искрени кон македонските граѓани. ЕУ самата е во криза и нејзините институции имаат потреба од реформи. Тоа значи дека дури и Македонија да ги исполни сите услови за почеток на пристапните преговори ќе биде тешко за ЕУ, за политичарите на ЕУ да им објаснат на сопствените граѓани, кои се заморени од проширување, зошто е потребно понатамошно проширување на Унијата. ВО НАШАТА МРЕЖА ФИНАНСИРАМЕ И ПАРТИСКИ ОБУКИ Фактор: Конрад Аденауер има исклучително блиски односи со ВМРО ДПМНЕ, голем дел од пратениците и градоначалниците ги помина политичките и академските обуки преку оваа фондација. Дали се чувствувате изневерени од резултатите и однесување на одредени партиски кадри кои имаат високи  државни политички  функции? Јоханес Д.Раи: Како политичка фондација од Германија, финансирана од различни министерства, нашата примарна цел е политичкото образование на граѓаните. Тоа не го исклучува дијалогот со нам блиските партии. Фондацијата Конрад Аденауер е блиска со Демохристијанската Унија (ЦДУ) и Европската Народна Партија (ЕПП), чијшто член е ВМРО-ДПМНЕ. Од нашиот целосен буџет само 20% се наменети за образовни програми на партиско ниво. Од нашата мрежа од над 100 стипендисти само 26 се партиски активни граѓани. Социјалниот и општествениот ангажман се за нас поважни од партиската припадност. Политиката значи дијалог. Без дијалог нема подобрување на состојбите. Како фондација немаме потреба да се извинуваме за дијалог со политичката елита. Не лутете се, но генерално јас никогаш не би го вперил мојот морален прст кон некого. Фактор: Дали во Македонија е применлив германскиот модел на  партиска кохабитација при составување на Влада во која се и демохристијаните и социјалдемократите? Јоханес Д.Раи: Општо копирањето на модели не е добра пракса. Секое општество треба да го пронајде сопствениот пат. Најидеално решение е модел, што одговара на потребите на граѓаните а ги зема во предвид менталитетот, историската позадина на регионот и искуствата. Фактор: Не ли ви се чини интересен феноменот за сомневањата околу поткупот и монополските позиции на телекомите. Истражни постапки  се водени во САД и  Германија  а во местото каде што се изведени коруптивни трансакции, македонските органи молчат? Јоханес Д.Раи: Мошне специфично прашање, на кое не би можел да дадам одговор. Не е важно во каков економски систем живеете, монополите се проблем за секое општетство.  

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа