24 Ноември, 2024
0.0279

Директор на сектор население во Шпаркасе Банка АД Скопје

Ексклузивно интервју со Катерина Јанковиќ: Од негување на навики за финансиско здравје, до стабилна одржливост во работењето

Објавено во: Економија 04 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

„Со постојана надградба на постоечката експертиза и искуство, кое се зголемува веќе 200 години на групациско ниво, жените можат да придонесат во обликувањето на ефективна организациска структура, којашто инспирира и потикнува продуктивност за сите генерации на вработените на Шпаркасе Банка АД Скопје.“

Во ера каде вклучувањето и различноста се клучни за успехот, Шпаркасе Банка АД Скопје, како водечка финансиска институција, го препознава непроценливиот придонес на жените во обликувањето на успехот на организацијата, како и во поттикнувањето на иновациите. Преку цврста посветеност на еднаквоста, банката негува средина, којашто го промовира напредокот на жените професионалци, што резултира со забележителна застапеност на жените на лидерски позиции. Како конфирмација, всушност и Заменик претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје е жена.

Шпаркасе Банка е горда банка со разновиден лидерски тим од жени кои носат богато искуство и уникатни перспективи во нивните улоги, придонесувајќи за севкупниот успех и угледот на банката.

Со активно промовирање на жените во лидерски улоги, Шпаркасе Банка ја зајакнува својата заложба за поттикнување на средина, каде се негуваат талентот и потенцијалот, без разлика на полот.

Оваа посветеност на родовата колоритност на лидерските позиции во Шпаркасе Банка, не е само одраз на основните вредности на банката, туку и се усогласува со глобалните визии за промовирање на инклузивноста и еднаквите можности на работното место.

Со длабоко разбирање на еволуирачкиот финансиски матрикс и предизвиците со коишто се соочуваат поединците во нивните финансиски патувања, Катерина Јанковиќ -  Директор на сектор население во Шпаркасе Банка, е инспирација и одличен рол-модел за идните професионалци, кои сакаат да остават свој кариерен белег.

Катерина Јанковиќ е високо остварен професионалец во областа на финансиите, со сеопфатно искуство, позната по нејзината посветеност на развој и поддршка на тимот, обезбедување на исклучителни искуства на клиентите и иновативни решенија токму за нив. Нејзините силни лидерски вештини и стратешка визија, се одличен пример за инспиративна кариера и лидерство во банкарската индустрија.

Јанковиќ верува дека желбата за подобра иднина е камен темелник на личниот и општествениот просперитет, а нејзината страст за позитивно влијание во животите на луѓето, ги поттикнува нејзините иницијативи во Шпаркасе Банка. Под нејзино раководство, Секторот за население движи по траекторија на успехот, којашто се темели на исклучителен фокус на потребите на клиентите и вработените и агилно се адаптира кон истите.  

Како Шпаркасе Банка ја инкорпорира одржливоста во своето работење, особено во однос на производите и клиентите во Вашиот домен?

Катерина Јанковиќ: Одржливоста е основен принцип на Шпаркасе Банка и ние се стремиме да ја интегрираме во сите аспекти на нашето работење. Кога станува збор за нашите производи и услуги, ние сме убедени дека иднината е понуда на одржливи банкарски решенија, коишто се усогласени со вредностите и потребите на нашите клиенти, следејќи ги трендовите, барањата на клиентите, произлезени од пазарната анализа и експертизата на нашиот тим.

На пример, развивме зелени опции за финансирање, коишто поддржуваат еколошки проекти, како што се иницијативите за инвестиција во обновлива енергија и одржлив инфраструктурен развој. Понатаму, тесно соработуваме со нашите клиенти за да промовираме одговорни финансиски практики. Обезбедуваме образовни ресурси и насоки за одржливи инвестициски стратегии, охрабрувајќи ги нашите клиенти да носат одлуки, коишто придонесуваат за позелена иднина. Со ангажирање на нашите клиенти и нудење одржливи опции, ние имаме за цел да создадеме позитивно влијание, што ги надминува традиционалните банкарски услуги. Тука би сакала да напоменам за едно од последните признанија на банката, а тоа е наградата за прва банка, којашто воведе Visa Еко картичка со рециклирачка пластика во 2022 година, нешто кое ги конфирмира нашите одржливи практики и трајни вредности. Воедно, банката работи и на имплементација на иновативни решенија, преку коишто настојува да го намали и својот негативен еколошки импакт, преку намалување на потрошувачката на енергија, вода во своите објекти, рециклирање на отпад, како и воведување на електронски начини на работењето. Ние бевме и пионери во имплементацијата на можноста за дигитално потпишување на документи, настојувајќи да обезбедиме во исто време позитивно корисничко искуство, но и да ја намалиме употребата на хартија. Одржливоста е вградена и во културата на компанијата, што се одразува во најразлични аспекти на работењето на банката.

Посветеноста на Шпаркасе Банка кон своите клиенти е очигледна во сите аспекти на своето работење. Друг важен аспект на модерното банкарство е дигитализацијата. Можете ли да елаборирате како Шпаркасе Банка ја инкорпорира дигитализацијата во своето работење, од процеси и средства, до мобилно банкарство?

Катерина Јанковиќ: Живееме во време во кое има високо интензивен технолошки развој, којшто го трасира патот по кој секој треба да се движи. Така и за нас, дигитализацијата е клучен приоритет, бидејќи веќе е докажано дека ја подобрува ефикасноста, но и пристапноста за нашите клиенти. Континуирано инвестираме во технологијата за да ги автоматизираме и оптимизираме нашите внатрешни процеси, а со тоа да го подобриме и целокупното банкарско искуство. Она што несомнено е наше секојдневие е очекувањата на секој поединец потребите да ги заврши брзо, едноставно, удобно. Во таа насока, во сите наши активности, тежнеат решенијата, коишто ги развиваме да бидат користени од нашите клиенти, за што вложуваме и ќе вложуваме сѐ повеќе ресурси кон едукација и поддршка. Имаме разни групи на клиенти, од помлада категорија, кои едноставно користат само она што е дигитално, до друга возрасна група на клиенти, каде нашата поддршка е предуслов за креирање на корисничко искуство. Дигиталните канали, вклучувајќи го и мобилното банкарство, овозможуваат пристап до сметката во секое време, контрола и извршување на сите видови на трансакции, управување со картици, интерни трансфери, како и можности за штедење. Имајќи во предвид дека тоа стана основна алатка за функционирање, постојано инвестираме во развој на нови функционалности, за кои оценивме дека нашите клиенти ќе имаат значајна корист, како можности за да се „подели сметка“, „плати на пријател“, како и подобрувања на самиот визуелен изглед, коишто водат кон симплификација и едноставност. Мобилното банкарство не само што обезбедува погодност, туку и ја намалува потребата за физичка посета на експозитури и процеси, базирани на хартија, како и намалување на сообраќајниот метеж, со што се намалува и емитувањето на CO2 – со тоа заеднички придонесувамe за одржлив систем. Дигитализацијата, како една од стратешките определби на банката, е во движење со нашите процеси за заштита на животната средина, заштеда на времето на нашите клиенти и заштедата на средства.

Јасно е дека групацијата, којашто стои зад Шпаркасе Банка, ја препознава важноста од адаптација на дигиталната ера, додека ја става во фокус одржливоста на финансиското здравје. Кажете ни, како Шпаркасе Банка „ја живее“ одржливоста?

Катерина Јанковиќ: Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, реномирана финансиска институција со традиција од близу 200 години и со силна посветеност на одржливоста. Водечките принципи на групацијата се и наши принципи, а тие обезбедуваат вредна поддршка и ресурси за понатамошно подобрување на нашите иницијативи за одржливост. Преку соработка и споделување на знаење во рамките на групацијата, можеме да ги искористиме најдобрите практики и да учиме од искуствата на едни со други, за постојано да ги подобруваме нашите напори за одржливост.

Борбата со климатските промени и ефектите, коишто ги има врз луѓето и околината, е сѐ повеќе важна за општеството како целина. А банката има важна улога во тоа преку разни инвестиции и финансиски активности. Нашата групација веќе 200 години е свесна за оваа одговорност, уште од самата идеја за основање, којашто се заложува за баланс помеѓу потребите и обврската за одржливост. Со нашите производи, јасни цели и стратегија, го живееме овој постулат и денес.

Секако, современата интерпретација на одржливоста е рефлектирана во основата на нашиот бизнис.

На нашите клиенти им нудиме широко портфолио за финансирање на одржливи проекти.

Исто така, сериозно ја преземаме одговорноста кон нашите вработени и околината, од аспект на финансиите и грижата за финансиско здравје.

Веруваме во подобра иднина за сите, со фокус кон максимална одржливост и инвестирање во истата.

Соработката и споделувањето знаење, се клучни за поттикнување на одржливоста во банкарскиот сектор. Продолжувајќи понатаму, би можеле ли да истакнете некои програми за дополнителна едукација или обука, што ги обезбедува Шпаркасе Банка и како тие придонесуваат за целите на банката?

Катерина Јанковиќ: Во Шпаркасе Банка веруваме дека едукацијaта игра витална улога во поттикнувањето на одржливи практики. Но, исто така, веруваме и дека едукативниот процес трае засекогаш. Кон крајот на минатата година, отворивме тренинг центар, наменет за работно воведување на сите нови вработени, каде создадовме еден вид на тест-експозитура во којашто се одвива комплетна обука. Но, не само тоа, спроведуваме и различни обуки со коишто ги едуцираме не само нашите вработени, туку и нашите клиенти за одржливост и одговорно банкарство. Нашата соработка со надворешни партнери, како што се државните и приватни универзитети, а и непрофитниот сектор, е исклучиво во насока да развиеме „custom-made“ курсеви, работилници, обуки, „coaching-сесии“, како би ги зголемувале континуирано потенцијалите на нашите вработени, а со тоа секако бенефитот, во форма на подобри перформанси, којшто би го имале нашите клиенти, како грижа за нивното финансиско здравје. Ние не застануваме тука, за нас досегашните активности се само почеток во нашата инвестиција преку многубројни активности да креираме и да го одржуваме финансиското здравје за нашите клиенти.

Младите се движечката сила на нашето општество, а „Vibe оn“ пакетот е токму наменет за оваа таргет група. Зошто „Vibe оn“?

Катерина Јанковиќ: Младите се нашата иднина и нив треба да ги поддржиме токму кога им е потребно, да ги научиме како полесно да запловат во периодите од животот во коишто тие се креатори и носители на нивната финансиска стабилност. Токму затоа, Шпаркасе Банка го креираше пакетот „Vibe оn“, целосно бесплатен и специјално дизајниран за да ги задоволи потребите и преференциите на младите на возраст од 15 до 25 години. Овој пакет нуди низа практични и корисни функции за поддршка на младите во нивното финансиско патување, едукација во насока на финансиска стабилност и самостојност. „Vibe on“ обезбедува сметка за плаќање што им овозможува на младите поединци ефикасно да управуваат со своите финансии, им овозможува да користат мобилно банкарство, да примаат средства и лесно да вршат разни трансакции во земјата. Дополнително, пакетот им овозможува на младите луѓе користење и на дебитна картичка, односно, сигурен и глобално прифатен начин на плаќање. „Vibe on“е производ, којшто има единствена цел, а тоа е да го следи комфорот, којшто го диктираат, а притоа да немаат никаков финансиски издаток за тој производ. Шпаркасе Банка го креираше овој пакет со цел да ги мотивира младите да се приклучат и да движат на „вајбот“ на банката, којашто ги слуша нивните потреби и инвестира во нивната иднина.

Шпаркасе Банка се води за една од лидерските банки, којашто огромен сегмент од својата грижа ја доделува на вработените и градење на системот на семејни вредности. Дали може да ни кажете нешто повеќе за овој дел?

Катерина Јанковиќ: На глобално ниво целата групација во фокусот го става вработениот и сите корпоративни вредности, како столб за здраво и продуктивно општество. Во групацијата, силно се верува дека секоја колективна промена е резултат на индивидуален подвиг кај секоја единка. Токму затоа, во интерните акти на банката за градење и одржување на здрав и колективен систем, е секој вработен поединечно и целиот семеен систем во којшто делува. Основата на делувањето е поставена со целосен фокус на вработениот, - овозможување на одлични услови за работа, професионален развој, разбирање, како и поддршка преку обезбедено здравствено осигурување. Банката промовира различност, осигурувајќи дека сите вработени се третираат со почит, доверба и имаат еднакви можности за напредување. Генерално, Шпаркасе Банка ја покажува својата посветеност на грижата за вработените и нивните семејства, преку различните иницијативи, коишто вклучуваат конкурентни пакети за компензација, флексибилни работни аранжмани, можности за личен и професионален развој, инклузивна работна средина и услуги за поддршка, со што создава позитивна и поддржувачка работна средина, којашто придонесува за успех и задоволство на своите вработени и сатисфакција на нивните семејства.

Која би била вашата порака како жена-менаџер, за сите оние, кои се колебаат да прифатат ваков предизвик?

Катерина Јанковиќ: Би била неискрена доколку кажам дека ние жените сме посебни, или пак подобри лидери, во однос на спротивниот пол. За мене лично, апсолутно не е важно дали станува збор за жена, или пак маж, сѐ до оној момент додека поединецот успешно ги реализира целите, придонесува во развојот и напредокот на компанијата, негува добри релации, засновани на почит и доверба со колегите и ужива во тоа што го работи.

Жените носат поинакви вештини, компетенции и квалитети, коишто се корисни на менаџерската маса. Родовата разновидност во лидерските тимови, води до подобро одлучување, подобрување на финансиските перформанси, пред сѐ поради различниот пристап и надополнувањето.

Важно е жените да ја препознаат сопствената вредност, способности и потенцијал. Тие треба да се фокусираат на нивните силни страни, вештини и искуства, коишто ги прават квалификувани за лидерски улоги. Шпаркасе Банка сѐ повеќе ја препознава важноста на родовата различност и активно го промовира развојот на женското лидерство. Нашата банка нуди различни програми и иницијативи за поддршка на жените во унапредување на нивните кариери и достигнување лидерски позиции, а за нас жените од суштинско значење е да ги искористиме овие можности, да ги прифатиме предизвиците и да имаме доверба во своите способности.

Лидерството е вроден талент на којшто му е потребна нега и пракса, за да избие во општеството и да се позиционира на лидерско место. А тука нема никакво ограничување со полот. Токму затоа, силно верувам дека со сѐ почесто преземање на лидерски улоги, жените придонесуваат во обликувањето на успешните организациски системи и поттикнување на силна инспирација за идните генерации на жени лидери.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА