ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО САШЕ НИКОЛОВСКИ: БАТ остана поддржувач на македонската економија, и преку трансформација на компанијата даваме посебен фокус на производи со намален ризик
Објавено во: Економија, Интервјуа 01 Јуни, 2021
Особено значаен е придонесот на БАТ за македонската државна економија во која континуирано придонесуваме преку директно и индирекно вработување на повеќе од 80 вработени, како и преку откупот на тутун, што во последниве неколку години изнесуваше 20 отсто од вкупното македонско производство на тутун. Освен тоа, во 2020 година, уделот на БАТ во однос на македонските акцизи е 30 милиони евра, вели во ексклузивно интервју за Фактор, Саше Николовски, актуелниот директор на Бритиш Американ Тобако за Македонија, Косово и Албанија. Тој кариерата во тутунската индустрија ја започна во 2011 година, како координатор за трејд маркетинг за Македонија, Косово и Црна Гора во ТДР-Творница духана Ровињ-Скопје, каде што за кратко време бил унапреден во трејд маркетингменаџер.
По преземањето на ТДР од страна на БАТ, беше назначен за маркетинг менаџер за пазарите на Македонија, Косово и Албанија. Заради природата на работното место, Николовски беше вклучен во сите аспекти на креирањето на портфолио стратегијата и нејзиното директно спроведување, што беше од голема важност и помош за успешно справување со кризни ситуации, кога ја презеде функцијата директор на БАТ, во јануари 2020 година.
Вели дека компанијата jа забрзува трансформацијата, за да создаде „Подобро утре“ (A Better Tomorrow™) за сите засегнати страни, градејќи долгорочен одржлив и одговорен бизнис и секако Македонија, Косово и Албанија да дадат значаен придонес за остварување на оваа амбиција.
Николовски: Ваква значајна улога на три интересни пазари е голема одговорност, особено во време кога сите индустрии, деловни планови и резултати се погодени од глобалната пандемија. Во вакви околности е потребно да се насочат сите ресурси кон непречениот тек на редовните деловни процеси. Чест ми е што имам можност да работам со повеќе од 100 извонредни луѓе, кои се најголемата вредност на нашата компанија и кои се одговорни и заслужни за резултатите што успеавме да ги постигнеме на овие три пазари, и покрај кризата што ја предизвика корона вирусот. Откако започна глобалната пандемија, нашиот главен приоритет е да ги вложиме сите напори за да го одржиме деловниот континуитет, како и безбедноста и добросостојбата на сите наши вработени, обезбедувајќи највисоки стандарди за безбедност при работа, со што ќе дадеме позитивен придонес за нашите локални заедници.
Николовски: Како една од водечките мултинационални компании во светот, БАТ работи во над 180 земји во светот. Нашето присуство во Македонија, Косово и Албанија придонесува за директно и индиректно вработување на голем број лица, што остана стабилно и во периодот на владеење на пандемијата. Во Македонија, ние континуирано придонесуваме за државната економија и за производителите на тутун преку откупот, што во последниве неколку години изнесуваше 20 отсто од вкупното македонско производство на тутун. Освен тоа, во 2020 година, уделот на БАТ во однос на македонските акцизи е 30 милиони евра, додека во Косово сме во првите пет компании според даночниот придонес, а голем позитивен импут кој секоја година е во нагорна линија, имаме и во Албанската економија. Еден од нашите водечки брендови во светот и на регионалните пазари, „Лаки Страјк“, добро познат по американското наследство, високиот квалитет и иновациите во производите, оваа година слави 150 години, што е многу редок јубилеј и тоа не прави посебно горди. Во согласност со глобалните цели на нашата компанија во однос на зачувување на животната средина, секоја година соработуваме со широк спектар на засегнати страни за да разбереме што е она што е најважно за нив, а ова го надополнуваме со тековно следење, истражување и определување ризици. Во глобална смисла, нашата цел е да постигнеме јаглеродна неутралност во сите наши операции до 2030 година, а низ нашиот синџир на вредности до 2050 година. Се стремиме до 2025 година 100 отсто од материјалите што ги користиме во нашите производи да бидат за повеќекратна употреба, да може да се рециклираат или да се компостираат, а веќе целосно ја исфрливме употребата на пластични шишиња за еднократна употреба во нашите канцеларии воМакедонија, Косово и Албанија. Благодарение на соработката со регионалните пазари и меѓународните тимови, успеваме да ги обединиме деловните планови и заеднички да ги оствариме различните утврдени цели, што е од особена важност за нас.
Николовски: Имаме развиено стратегија да ставиме поостар фокус на нашите производи од „Новата категорија“, што ќе се овозможи преку инвестирање од континуираниот тек на нашата традиционална дејност со тутун. Имаме јасна целда изградиме „Подобро утре“ (A Better Tomorrow™) со намалување на влијанието на нашата дејност врз здравјето. Ова подразбира наша заложба да обезбедиме голем спектар производи со помал ризик што возрасните потрошувачи ќе може да ги уживаат. Нашето широко портфолио на негоречки производи вклучува алтернативи со намален ризик, како што се производи за греење тутун (heated tobacco) производи со течност (vapour), орал тобако врекички за никотин, како и традиционални орални производи како парен тутун (снус) и влажен бурмут. Нашиот водечки производ за греење тутун „GLO“ беше дизајниран во Велика Британија во процес во којшто беа вклучени повеќе од 100 експерти од пет континенти. Исто така, неодамна во Србија и Хрватска беше лансиран новиот модел на уредот, „Glo Hyper”“, кој од самиот почеток се покажа како многу успешен и како одличен пример за фокусирање на иновациите во нашиот регион. Во моментов, идните планови за Македонија, Косово и Албанија се во фаза на развој, но убедени сме дека потрошувачите ќе покажат интерес за нашите иновативни производи, како и во другите земји од регионот.
Повторно во 2020 година, Вашата компанија го доби признанието „Глобален врвен работодавач“ и тоа четврта последователна година. Што направи Вашата организација за да го добие ова признание?
Николовски: И покрај тешкиот период предизвикан од КОВИД 19, нашата компанија уште еднаш покажа дека успехот не е само во резултатот и бројките, туку пред се грижата за вработените кои се нашиот највреден ресурс. Нашата цел е да создадеме култура на посветени вработени и да бидеме опкружени со луѓе кои меѓусебно се стимулираат и се инспирираат на патот што ни претстои. Многу сме горди што во 2021 година четврта година по ред го добиваме признанието „Глобален врвен работодавач“ од страна на Институтот за глобални врвни работодавачи. Тоа го позиционира БАТ како една од само 16 организации во светот високо рангирани поради нивните извонредни политики и практики во однос на човечките ресурси. Ова признание е резултат на темелно ревидирање на нашата стратегија за управување со човечките ресурси, работното опкружување, потрагата по таленти, учењето, добросостојбата, разновидноста и интерактивноста, проактивноста и вклученоста. Ова е големо признание за нашата посветеност кон создавањето пријатна, инклузивна работна средина. Верувам дека ова достигнување беше постигнато најмногу благодарение на инвестирањата во развојот на човечки ресурси, што е, исто така, еден од основните приоритети на нашата компанија. Кога станува збор за нашите пазари, ние работиме како кластер од три земји, каде различноста и вклученоста се најдобро претставени. Ние сме еден тим и нашите вработени се наш приоритет. Нашите вработени ги имаат истите услови за работа како и во западните и развиените земји. Некои наши колеги од Македонија и Албанија ја искористија можноста и сега работат во БАТ Австрија, Чешка, Полска, Романија, Хрватска, Србија, на повисоки позиции за кластери во Италија, Хрватска. Во исто време, нудиме Глобална програма за постдипломски студии за младите дипломци, која има за цел да им даде шанса на дипломирани студенти да станат идни лидери, како и меѓународното натпреварување „Battle of minds“, каде што поединци или тимови може да ги претстават своите идеи и имаат прилика да добијат можност за кариера или за реализација на нивните идеи. Така што, ние секогаш сме насочени кон развивање, растење и проширување на нашата организација со најдобрите таленти во регионот.
Како влијае глобалната дигитална трансформација врз дејноста на БАТ?
Николовски: Сè поголемиот замав на дигиталната трансформација на дејностите претставува огромна можност за сите индустрии, но, истовремено, е и предупредување за компаниите дека треба да забрзаат и да се вклучат во дигиталната ера. Во изминативе три години, нашата организација се трансформираше од традиционално „ИТ“ опкружување во организација со „информатичко и дигитално“ опкуружување. Ќе продолжиме со истата практика и во следните години, градејќи компанија од иднината и користејќи ја дигитализацијата како одлична можност.
Николовски: Нашата глобална амбиција останува да достигнеме 50 милиони потрошувачи на нашите негоречки производи до 2030 година и да го забрзаме растот на приходите од „Новата категорија“ со побрза стапка во однос на вкупниот приход, и да оствариме пет милијарди фунти во 2025 година. Веќе направивме добар напредок кон остварувањето на овие цели: го зголемивме бројот на потрошувачи на негоречки брендови за три милиони, достигнувајќи 13,5 милиони корисници до крајот на 2020 година, со пораст на приходите од „Новите категории“ за 15% во истиот период. Ја забрзуваме нашата трансформација, за да создадеме „Подобро утре“ (A Better Tomorrow™) за сите засегнати страни, градејќи долгорочен одржлив и одговорен бизнис и секако Македонија, Косово и Албанија да дадат значаен придонес за остварување на оваа амбиција.Во исто време, нашиот фокус ќе остане на луѓето и на развојот на локални таленти, и на нивното промовирање на меѓународни позиции, соработката и подршка на локалните економии и локалните заедници и промовирање на интерактивен однос, комуникација и општествена одговорност.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.