26 Ноември, 2024
0.2008

ЕКСКЛУЗИВНО СО ОЛИМПИЕЦОТ ГЕОРГИЕВСКИ: Дисцпилината и посветеноста ми донесоа голем спортски успех

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Се уште сум под импресии од историскиот успех за нашата земја во Токио, но во исто време со силна енергија за нови успеси и достигнувања, вели во ексклузивно интервју за Фактор, олимпискиот вицешампион, Дејан Георгиевски. Во интервјуто тој зборува за  олимпискиот медал и за идните планови во неговата спортска и професионална кариера.

Георгиевски летово ѝ донесовте историски, најголем успех на нашата држава. По пауза од две децении Македонија повторно се запиша на листата на освојувачи на медали на Летните олимписки игри. Освоивте сребро во Токио, стана ли вашиот сон реалност?

Георгиевски: Секој спортист има свои соништа и поставени цели за сопствената спортска кариера. Мојот сон, веќе во неколку наврати јавно го кажав, тоа е златен медал на олимпискитe игри. Со таква цел тргнав во Токио и не го криев тоа. Секако, со оглед на тоа што се вратив со сребрен медал сметам дека сонот не ми е остварен и ќе продолжам и понатаму напорно да тренирам, па со Господ напред од Париз, 2024 година се надевам дека ќе се вратам со златен медал.

Иако велам дека сонот не ми е остварен, не можам да кажам дека не сум среќен што се вратив и со сребро. Ова не е само мој успех. Ова е успех на Македонија. Но, ова е успех на еден тим кој напорно работеше со многу откажувања, посветеност и упорност. За мојот успех заслужни се и моите тренери Борче и Дарко Костовски на кои сум им многу благодарен. Среќен сум што со медал им се заблагодарив за нивната посветеност и труд кој го вложија во мене.


Олимпискиот медал и успехот кој го постигнавте, го обедини целиот македонски народ. Поддршка добивте од вашиот тренер, семејството,  пријателите, од фановите. Како е да си нов спортски херој?

Георгиевски: Додека бев во Токио немав претстава за еуфоријата која ја зафатила мојата држава заради моите настапи на Летните олимписки игри. Тоа е голема чест и одговорност за мене како спортист. Многу ми е мило што овој успех беше прифатен од целиот македонски народ.

За време на натпреварите постојано ја добивав поддршката од моето семејство, од тренерите и од моите спаринг партнери. Тоа многу ми значеше. Голема благодарност до нив, но и до сите оние кои секогаш стојат зад мене. Сепак поддршката од моите сограѓани предизвика неверојатни чувства кај мене. Истовремено бев горд, но и имав обврска да се борам не само за мојата победа како спортист, за моето семејство, за тренерите, туку и за сите оние кои лично не ги познавам, а ги следат со жар моите натпревари, моите Македонци!

Кулминацијата на чувства се случи кога се симнавме од авион, на аеродромот. Организираниот пречек ќе го паметам како нешто најсилно што ми се случило во животот.


Имате 22 години и блескава иднина пред себе. Во Токио покажавте зрелост и смиреност. Сепак, ниту еден успех не е случаен, на тоа му претходи макотрпна работа, дисциплина и посветеност. Колку тренинзи имате неделно и колку години го практивувате овој спорт?

Георгиевски: Спортот го практикувам уште од најрана возраст. Најголем дел од моето време го поминувам во спортската сала. Тренирам 6 до 7 пати седмично. Некогаш и двапати дневно. Зависи од потребата и интензитетот на подготовките. Самите тренинзи се такви што вклучуваат и психолошка подготовка за однесувањето на спортистот. Вистинскиот спортист не ја користи својата сила надвор од спортската сала.

Да, можам да кажам дека се сметам за смирена, сталожена личност. Можам да ги контролирам моите чувства. Дисциплината што ја стекнав на нашите тренинзи сериозно влијаеше врз градењето на мојата личност, врз мојот карактер и секако врз мојот живот. Освен што сум спортист јас сум и студент и другар и син и што ли уште не, а сето тоа треба да се усогласи во деноноќието кое го живееме. Доколку не ја стекнав дисциплината тешко би можел да постасам сѐ.

Сметам дека секое дете треба да го најде спортот кој му одговара најмногу и активно да се вклучи. Топло им препорачувам на родителите да ги поддржат своите деца во тоа.

Нови предизвици се исправени пред вас. Кои се идните планови во вашата спортска кариера?

Георгиевски: Кога некој ќе се определи за некој спорт тогаш спортот за него станува храна. Така и за мене. Јас не можам да го замислам мојот живот поинаку. Сите дневни активности гледам да ги подредам по некој ред кој нема да ми пречи да ги реализирам и тренинзите. Во тој правец и размислувам. Јас себе си не се гледам далеку од спортот. Овој медал, кој го донесов од Токио е само дел од освоените медали, но и од медалите кои планирам да ги освојам. Ќе има уште многу натпревари, а јас им ветувам на сите оние кои ме поддржуваа и ме бодреа, на сите оние кои навиваа за мене и на оние кои очекуваат уште возбуда од мене, дека ќе направам сѐ за да ги задоволам нивните очекувања и повеќе од тоа.

Луѓето ме препознаваат на улица, ми приоѓаат, ми честитаат за успехот во Токио. Тоа ме обврзува да продолжам со истото темпо.


Кој е приватно Дејан Георгиевски. Јавноста знае дека сте дипломец на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Што друго може да ни откриете за вас?

Георгиевски: Да, јас сум студент на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент. Ги завршив испитите од трета година. Ми остана уште да го завршам дипломскиот труд. По враќањето од Токио интензивно работам на истражувањето кое е дел од трудот. Се надевам дека ќе го одбранам со успех.

Дисциплината стекната на тренинзите ми помогна и во извршувањето на моите обврски кон студирањето. Секако, за тоа им благодарам на разбирањето на моите професори. Тие знаат дека спортувам и често ги прилагодуваат термините за да можам да постигнам сѐ.

Имено, Универзитетот за туризам и менаџмент е општествено одговорна организација која стипендира млади таленти. Пред три години бев препознат од ректорот Аце Миленковски како талент и добив стипендија. Му благодарам за тоа. Се надевам не ја изневерив неговата доверба.

Освен студирањето, како и секој млад човек сакам да се дружам и да поминувам време со моите врсници и со мојот љубимец Бруно.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав