05 Декември, 2025
0.0349

ЕКСКЛУЗИВНО: Цела Македонија длабински ќе се скенира, се бара нафта, злато, бакар!

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2012 13:04

Добивај вести на Viber

Странски фондови ќе бараат нафта во Македонија. Ќе ja скенираат целата држава. Нафта, злато, бакар, минерали, рудни богатства  -  ќе се утврдува длабински со какви природни ресурси располага  земјава. ФАКТОР дојде до анализите и пресметките кои покажуваат оти било утврдено дека за реализација на проектот потребни се 7 милиони евра - пари што министерството за економија ќе се обиде да ги обезбеди преку странски фондови. Според неофицијалните информации, како најсериозен инвеститор на  овој проект се споменува името на најбогатиот човек на светот, мексиканецот Карлос Слим. Слим, кој неодамна беше во земјава пројавил интерес да го финансира проектот преку една од неговите компании што се занимаваат токму со овој бизнис. Извори за ФАКТОР тврдат дека веќе се договара и средба со мексиканецот.  Најверојатно, владина делегација од земјава, предводена од министерството за економија до крајот на годинава ќе замине во Мексико на средба со Карлос Слим, да се договорат деталите за длабинскиот геолошки скен врз Македонија. Сепак, иако засега никој не ја потврдува ваквата информација, извори за ФАКТОР тврдат дека , службите во Министерството за економија ја подготвуваат иницијативата, што како предлог треба да се достави пред министрите на седница на Владата. А, за оваа идеја веќе биле запознаени и владини функционери на највисоко ниво, расположение постои, но се очекува заокружување на финансиската конструкција. Инаку, во 2009 година, компанија од Романија во Македонија  направила анализа на постојната документација од поранешните геолошки истражувања  по што е изготвен и проект за понатамошни истражувања. Романците на Владата и сугерираат повторно да се отпочне со испитувања за нафта или гас во Овче Поле и Тиквеш локации кои според нив се сметаат за најважни во Вардарската зона. „ И во случај на најпесимистичката опција, односно да не се најде нафта, сепак, овој проект ќе има резултат , бидејќи ќе се утврдат природните ресурси со кои располага државата “, велат влaдини извори за  ФАКТОР. Такво нешто, практично никогаш не е направено на целата територија и сега ќе даде одличен приказ за можностите за идни инвестиции. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања