19 Декември, 2025
0.0657

ЕКСКЛУЗИВНО: Владата ќе дава картички со пари за невработени, студенти и средношколци, нови кредити за фирмите

Објавено во: Економија 14 Мај, 2020 14:11

Добивај вести на Viber

Владата го подготвува третиот сет мерки за помош на граѓаните и на стопанството, а Фактор ексклузивно открива некои детали од предлогот. Сите мерки најверојатно ќе бидат усвоени во понеделник или во вторник. Вкупната вредност на мерките од третиот сет мерки ќе изнесува 355 милиони евра, а според пресметките помошта од сите три пакети е 600 милиони евра. Според нашите информации планирана е поддршка за невработените лица, односно 120.000 лица кои исполнуваат специфични услови ќе добијат платежни картички а за сите нив Владата ќе потроши 18 милиони евра. Во оваа група влегуваат граѓани кои се невработени и бараат работа, а месечниот приход по други основи не надминува 15.000 денари. Картичките ќе бидат брендирани и ќе можат да се користат во маркети, угостителски објекти, фризерници. Со ова Владата планира да ја стимулира домашната потрошувача. 

Планирано е да се даваат и ваучери за туризам од 100 евра плус домашна картичка од 50 евра. Овие ваучери исто така ќе ги користат 120.000 луѓе и Владата ќе ја чини 18 милиони евра. Корисници ќе можат да бидат сите вработени што примаат плата под 16.000 денари.

Според информациите, во третиот пакет мерки ќе има ваучери за студенти и средношколци од 100 евра плус домашна платежна картичка од 50 евра. Ќе ги користат 100.000 студенти и редношколци а Владата ќе ја чини 12 милиони евра. Парите треба да се искористат за партиципации и за обуки.

Владата планира да го зголеми повратот на ДДВ, па во игра се опции во истиот ден од пазарувањето да се врати целиот износ на платениот ДДВ, но механизмите се уште не се утврдени.

За стопанството предвидени се нови бескаматни кредити со 30 отсто грант компонента за микро и мали прептријатија. Оваа помош ќе вреди 31 милион евра, но 30 милиони евра се од ЕУ.

За индустријата предвидена е помош од 25 милиони евра, а во овој дел ќе се помагаат компании кои ќе изгубат пазари.

Има поддршка и на земјоделството, а 50.000 земјоделци ќе добијат платежни картички со субвенции за набавка на гориво за механизација.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?