Експерти во градежништвото во Струга дискутираат како до побезбедни градби
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2013 13:32
Четиридневен симпозиум во Струга организира друштвото за градежни конструктори на Македонија каде ќе се разменуваат искуства за основните стандарди и квалитети во градежништвото.
Овој симпозиум е посветен на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, настан кој предизвика револуција во македонското градежно конструкторство и сеизмичките стандарди.
Според претседателот на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, професорот Горан Маркоски, целта на оваа средба е да ја потенцира важноста на инженерите во целокупниот процес на градбите.
- Земјотресот во Скопје не потсети дека единствено квалитетот на градбите е гаранција за безбедно живеење од природните катастрофи. Постојат и соодветни материјали и стандарди, но треба само да се почитуваат. Факт е дека транзицијата која ни се случува последните дваесеттина години придонесе малку да подзаборавиме на последиците кои можат да ги предизвикаат овие природни катастрофи. Како нечии желби за профит да го потиснаа инженерското знаење, вели Маркоски.
Според Драган Манаилов од скопската фирма „Синтекс“, за разлика од минатите години кога одредени работи не се почитуваа доволно, сега македонските компании работат со материјали и техники кои ја зголемуваат безбедноста на градежните објекти.
- Во последно време се води контрола во сеизмиката, значи имаме релативно добра градба. Едно време тоа беше испуштено од контрола, но благодарение на нашиот Институт за сеизмологија има една програма, која е редовна, појаснува Манаилов.
И за Република Србија земјотресот во Скопје беше голем мотив за зголемување на безбедносните стандарди во сеизмиката.
- Ние многу соработуваме со колегите од Македонија кои се експерти во таа област, како и со Градежниот факултет во Скопје, Институтот за инженерство и сеизмологија во Скопје, и со колегите од Европа, така што сите заедно се трудиме да напредуваме за да имаме што посигурни објекти, потенцира Властимир Радоње професор на Факултетот за технички науки во Нови Сад.
Овој симпозиум се одржува веќе 15 години, а целта на Друштвото на градежни конструктори на Македонија е да ја нагласи потребата и важноста на квалитетот на проектирањето, како и да се разменуваат искуствата во областа на градежништвото поврзани со изградбата и безбедноста на објектите
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





