Експертите на СЗО не знаат точно како вирусот од пазарот во Вухан е пренесен на луѓето
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Март, 2021
Извор на коронавирусот е пазарот во Вухан, но и натаму е непознато како е пренесен на човекот, велат од Светската здравствена организација.
Доминик Двајер, микробиолог од Сиднеј, кој беше дел од експертската група на СЗО, вели дека вирусот можело да се прими преку заразено животно, кое било продадено на пазарот.
Меѓународната група експерти на СЗО, која од 14 јануари скоро еден месец престојуваше во Кина и притоа направи заедничко истражување со кинески експерти за да се утврди потеклото на ковид-19, разви четири главни хипотези за можното потекло на вирусот. Коронавирусот веројатно не влегол во човечкото тело директно од лилјаците на пазарот за морска храна Вухан, како што се говореше во јавноста, туку најверојатно имало меѓупреносител. Една од хипотезите која им била сугерирана од кинеските власти е дека вирусот е пренесен преку контаминирана храна. Меѓутоа, најверојатното потекло е од диви животни кои се продавале на пазарот со морски плодови во Вухан. Во светот досега се потврдени над 123 милиони случаи на коронавирусот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.