Експертот од Ериксон го изврши увидот во УБК по барањето за истрага на СЈО
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016
Италијанскиот експерт како специјален претставник на „Ериксон“ ја заврши задачата за која беше повикан од страна на УБК, а по барање на СЈО за извршување на истражните дејствија по судска наредба. Ериксон ја има изработено опремата за пресретнување на комуникациите која се наоѓа во УБК, а е купена од страна на Телеком и е ставена во функција.
Потребата од експертот на Ериксон е да се обезбеди безбеден начин на извлекување на потребните податоци кои ги бара СЈО, а се однесуваат на конкретни пребарување.
Засега нема нови информации што опфатил експертот на Ериксон, а неговиот увид е забележан од Комисија на МВР, па за сите резултати наскоро очекуваме информации од надлежните органи.