EКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО ТУНЕЛ ВО ГАЗА: Загина синот на израелски министер
Објавено во: Свет 07 Декември, 2023 20:54
Загина синот на израелскиот министер без ресор и поранешен началник на армијата Гади Ајзенкот во експлозија на бомба во тунел во Газа.
Претседателот на Партијата за национално единство, Бени Ганц денеска ја потврди информацијата. Израелската армија не соопшти конкретни детали за смртта на Гал Ајзенкот (25), освен дека тој е убиен во борби во северниот дел на Појасот Газа, објави Ројтерс.
„Заедно со цел Израел ја испраќам мојата поддршка до Гади и целото негово семејство. Сите ние сме посветени да продолжиме да се бориме за светата кауза за која загина Гал“, рече Ганц.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испрати телеграма со сочувство на Гади Ајзенкот.
ИДФ објави дека двајца резервисти се убиени за време на борбите во Појасот Газа, со што бројот на загинати војници во копнената офанзива се искачи на 89.
Функционерот на милитантното движење Хамас, Исмаил Ханије, тврди дека населението во Појасот Газа е жртва на „неохолокауст“.Портпаролот на Министерството за здравство на Газа, Ашраф Ал Кудра, денеска на прес-конференција изјави дека во болниците во Газа во изминатите 24 часа пристигнале 350 мртви и 900 повредени.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




