17 Декември, 2025
0.0538

ЕКСПЛОЗИЈА ВО БУГАРИЈА: Работниците земале по 120, а шефовите и по 15.000 евра месечно!

Објавено во: Балкан 03 Октомври, 2014 12:03

Добивај вести на Viber

Шефовите во фабриката за муниција во Горни Лом, која експлодира завчера, веројатно месечно заработувале меѓу 12.000 и 15.000 евра. Работата о мини е исклучително профитабилна и носи голема заработувачка, вели бугарскиот експерт за безбедност и антитероризам, полковник Иван Бојаџиев. Според неговите проценки, шефовите и сопствениците на фабриката месечно веројатно заработувале меѓу 25.000 и 30.000 лева, затоа што процесот кој се изведувал во фабриката е таков што малкумина би се нафатиле да го работат. „Претпоставувам дека заработувачката ги заслепела“, вели тој. Бугарските медиуми вчера објавија дека работниците во оваа фабрика работеле на исклучително опасно работно место и тоа за плати под минималната - околу 120 евра. Ова за познавачите не е за изненадување, со оглед на тоа што оваа фабрика е единствената можност за вработување во радиус од 30-35 километри од селото Горни Лом. „Човечкиот живот е важен, но селото нема друга алтернатива, освен оваа фабрика повторно да почне со работа“, вели и градоначалникот на Горни Лом Илијан Михајлов, само ден откако надлежните одлучија да ја затворат фабриката во која константно се забележувале пропусти. Михајлов додава дека хаварии во овој капацитет се случуваат секои 4-5 години и ќе продолжат да се случуваат и понатаму ако се рестартира затоа што работата со мини е опасна. Сепак, последната експлозија уште е мистерија за експертите, поради нејзиниот огромен интензитет. Познавачите велат дека таква силна експлозија не може да се случи само од мина, па причините допрва ќе се истражуваат, откако ќе се овозможи безбеден пристап до кругот на фабриката. Во катастрофалната експлозија во Горни Лом вчера го загубија 12 работници и тројца раководители во фабриката. Најмладиот од нив имал 26, а најстариот 59 години.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни