09 Октомври, 2024
0.0290

ЕКСПЛОЗИЈАТА ЧИЈ ЗВУК ШИРИ СТРАВ ВО РЕГИОНОТ: Кои се последиците од кои светот се плаши заради убиството на лидерот на Хамас

Објавено во: Свет 04 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Еден од високите функционери на милитантната група Хамас, Салех ал-Арури, е убиен во напад на југот на либанската престолнина Бејрут. Иако никој официјално не ја презеде одговорноста за експлозијата што се случи, убиството на лидерот на Хамас ги зголеми стравувањата од потенцијална ескалација на борбите во регионот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) одбија да ја коментираат веста, а нивниот портпарол Даниел Хагари во вторникот одбегна прашање од новинарите, велејќи само дека тие се „фокусирани на борбата против Хамас“.

Сепак, во очигледно прикриено повикување на атентатот, според Си-Ен-Ен, екстремно десничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, напиша на своите официјални профили на социјалните мрежи дека сите непријатели на Израел ќе „страдаат“. Во меѓувреме, поранешниот израелски амбасадор во Обединетите нации Дени Данон ги пофали израелските безбедносни и разузнавачки агенции за, како што го нарече „атентатот“ на Арури во вторникот.

Секој што бил вмешан во масакрот 7/10 треба да знае дека ќе дојдеме до нив и ќе ја затвориме сметката со нив“, напиша тој на платформата Х.

Доколку се утврди дека израелските сили стојат зад убиството, Аури би бил највисокиот функционер на Хамас убиен од Израел од почетокот на војната што избувна на 7 октомври.

Меѓутоа, освен што ќе му зададе удар на раководството на Хамас, таквиот напад ризикува дополнително да го прошири конфликтот бидејќи ова всушност би бил најголемиот израелски напад врз либанската престолнина од војната меѓу двете земји во 2006 година, пишува Си-Ен-Ен.

Либанскиот премиер Наџиб Микати го осуди нападот и рече дека „експлозијата е ново израелско злосторство“ чија цел е да го вовлече Либан во нова фаза на конфронтација, мислејќи на повеќемесечниот конфликт меѓу Хезболах и израелските сили во пограничната област.

Страв од ескалација

Скоро тримесечните борби меѓу израелската армија и Хезболах главно се водат во радиус од четири километри од пограничниот регион, при што двете страни наизменично се напаѓаат една со друга.

Борбите ги зголемија стравувањата меѓу Соединетите Држави и другите западни земји дека би можела да избие војна од целосен обем меѓу Израел и најмоќната паравоена група на Блискиот Исток, Хезболах.

Тие стравови, како што пишува Си-Ен-Ен, досега не се остварија, но експлозијата во Бејрут најверојатно ќе донесе нова искра. За време на телевизиското обраќање летово, водачот на Хезболах Хасан Насрала предупреди на израелските атентати во Либан, велејќи дека тие ќе предизвикаат „силен одговор“ од милитантната група.

Насрала, исто така, во говорот во август 2023 година рече дека групата ќе се обиде да спречи Либан да стане „арена за атентат“, наведувајќи го турбулентното минато на земјата.

Иран, кој вообичаено го поддржува Хезболах, го осуди убиството на Аури и го обвини Израел за нападот.

Дописникот на Sky News за Блискиот Исток Алистен Банкал рече дека синоќешното убиство ги поттикнало тензиите и значело „она што е веќе многу кревка ситуација може да стане многу поопасно“. Фактот дека нападот се случи во Либан, вели тој, значи дека сега сме „во многу нестабилна ситуација“.

„Хезболах досега не сакаше да ескалира во целосна војна со Израел“, рече тој. Сега се врши притисок врз Хезболах да одговори, имајќи предвид дека нападот се случи во дел од Бејрут контролиран од либанската милитантна група.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална