05 Декември, 2025
0.0433

Електронски ќе се регулираат даноците

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2012 14:26

Добивај вести на Viber

Tримесечните и месечните и ДДВ обврзници од 2013 година имаат обврска даночните пријави за ДДВ и даночните  биланси согласно Законот за данокот на добивка да ги поднесуваат во електронска форма до Управата за јавни приходи (УЈП). Оваа законска  обврска за месечните даночни ДДВ обврзници, односно обврзници кои прават годишен вкупен промет од над 25 милиони денари, почнува на 1 јануари 2013 година, додeка на тримесечните ДДВ обврзници, со годишен вкупен промет од над 2 милиони денари, на 1 јули 2013 година. За годишните даночни обврзници пак  и за граѓаните се уште поднесувањето на даночни пријави по електронски пат е на доброволна основа, објаснуваат од Секторот за услуги на даночни обврзници во УЈП. - При регистрација за новиот систем на е-Даноци и поднесување на даночни пријави  даночните обврзници треба претходно да се регистриаат во УЈП и задолжително да користат дигитален сертификат на УСБ-токен кој може да го набават од две овластени куќи. Даночните обврзници кои поднесувале даночни пријави преку сметководствени бироа и понатаму можат да го прават тоа преку нив, а сметководствените бироа за сите даночни обврзници што ги водат можат да користат еден дигитален сертификат.  На новиот систем на УЈП даночните обврзници  можат да ги користат  и дигиталните сертификати што ги имаат набавено за електронска комуникација со другите институции, појасни Мухедин Авдиќ. Електронскиот начин на поднесување на даночните пријави на билансите, значи 24 часа во текот на седум дена да можат да се поднесуваат даночни пријави, се намалуваат административните  трошоци и трошоците за доаѓање до УЈП за поднесување во хартиена форма. Покрај даночните пријави по електронски пат можат да поднесуваат и налози за плаќање на даночните обврски. - Даночните обврзници можат во електронска  форма да поднесат барање, пријава и друг  поднесок на кои Управата ќе им одговори. Тоа значи дека даночните обврзници  кои ќе се регистрираат на системот за е-Даноци немаат веќе потреба да доаѓаат во УЈП и да поднесуваат  соодветни обрасци, туку сето тоа може да го направат по електронски пат, додаде Авдиќ. Во УЈП вкупно 34.996 даночни обврзници од кои 16.516 се доброволно регистрирани за е-Даноци, а 18.480 не се регистрирани. Од месечните даночни обврзници регистрирани се 2.967, а нерегистрирани 1.619, додека кај тримесечните даночни обврзници регистрирани се 8.870, а нерегистрирани 9.146. Обврската за пријавување преку системот на е-Даноци е и за двете групи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации